Приказна…

Слика

Сте се обиделе ли да застанете и да видите колку прекрасни ненапишани романи има во лицата на луѓето со коишто секојдневно се разминувате, а никогаш не сте ни кренале поглед од сета оваа модерна брканица во која живееме. Застанете денес и прочитајте некоја приказна од нивните лица која се заглавила во нечиј безизразен израз, се пролеала низ нечии скриени солзи, се закопала со нечија последна насмевка.
Секој од нас носи една таква приказна…

 

– Јаневска Марија, 2013

Каде се` можете да ја најдете книгата „Белешките на Лајла Грејс“?

Многумина од вас се` уште не можат да ја најдат книгата.  Во главно, сите информации што ги имам за каде сигурно ја има книгата ќе ги постирам овде. Често се слушува да се распродаде и да ја нема во залиха, меѓутоа за тоа, најдобро да се информирате кај сопствениците на локалот, за тоа кога ќе набават нов тираж од книгата и слично. 🙂

Битола

  • ДОО Глаголи
  • Книжарница Вагабонт
  • Книжарница Вагабонт
  • ВЕРО 4
  • Проверете и во другите ВЕРО и Тинекс маркети
  • Проверете и на бензинските на ОКТА и Лукоил

Велес

  • Маркет Туш Трејд ДООЕЛ
  • Книжарница Лина Литера
  • Жито Маркети
  • Проверете и во ВЕРО и Тинекс маркетите
  • Проверете и на бензинските на ОКТА и Лукоил

Виница

  • Книжарница Везилка

Гевгелија

  • Книжарница Сага Грос

Гостивар

  • Книжарница Култура-Гост
  • Проверете и во ВЕРО и Тинекс маркетите
  • Проверете и на бензинските на ОКТА и Лукоил

Кавадарци

  • Сплендид ВП
  • Проверете и во ВЕРО и Тинекс маркетите
  • Проверете и на бензинските на ОКТА и Лукоил

Куманово

  • Маркет Туш Трејд ДООЕЛ
  • Книжарница Жаго
  • Книжарница Херби
  • Маркетите на Тинекс и Супер Тинекс
  • Космо (Плоштад)

Неготино

  • Книжарница Бонига ДООЕЛ
  • Книжарница Т.П. Либерта
  • Проверете и во ВЕРО и Тинекс маркетите
  • Проверете и на бензинските на ОКТА и Лукоил

Охрид

  • Книжарница Просвета
  • Книжарница Просветно Дело
  • Супер Тинекс 7 (ул. 7-ми Ноември б.б.)
  • Проверете и во ВЕРО и Тинекс маркетите
  • Проверете и на бензинските на ОКТА и Лукоил

Прилеп

  • Книжарница Викели ДООЕЛ
  • Балстеп ДОО
  • Тобако Плус ДЈТ
  • Михаела Тони
  • Проверете и во ВЕРО и Тинекс маркетите
  • Проверете и на бензинските на ОКТА и Лукоил

Ресен

  • СП Маркет (ул. Маршал Тито б.б.)
  • Проверете и во ВЕРО и Тинекс маркетите
  • Проверете и на бензинските на ОКТА и Лукоил

Скопје

  • Книжарница ТРИ, ГТЦ први кат
  • Алби ДОО
  • Книжарница Или-Или
  • Маркетите на ВЕРО и големиот ВЕРО Центар
  • Маркетите на Тинекс и Супер Тинекс каде што има штандови на ТРИ
  • Маркетите на СП
  • Бензинските на ОКТА и Лукоил каде што има штандови на ТРИ
  • Книжарница Култура
  • Книжарница Магор
  • Книжарница Матица
  • Книжарница Икона
  • Мамут
  • Свети Михаил ДООЕЛ
  • Макси Д (Мичурин)
  • Малк Офис (Аеродром,Беверли Хилс, Лептокарија, Порта Влае)
  • Младинска Книга
  • Мозаик Д-Л (Стајковци)
  • Книжарница Хе-ра
  • Офис Плус
  • Рамстор (Центар, Капитол)
  • Космо
  • Фризерско студио Јуник

Струга

  • Книжарница Клио

Струмица

  • Книжарница Просветно дело
  • Сим Компани
  • Космо
  • Маркетите на Тинекс
  • Проверети и во ВЕРО Маркетите
  • Проверете и на бензинските на ОКТА и Лукоил

Тетово

  • Веро 3 (ул. Борис Кидрич б.б.)
  • Проверете и во Тинекс и Супер Тинекс маркетите
  • Проверете и на бензинските на ОКТА и Лукоил

Штип

  • Книжарница Мист
  • Книжарница Пинокио
  • Венеција
  • Туш Трејд ДООЕЛ
  • Проверете и во ВЕРО и Тинекс маркетите
  • Проверете и на бензинските на ОКТА и Лукоил

 

Интернет

Книгата исто така можете да си ја нарачате од интернет од оваа страница:

http://www.kniga.mk/beleshkite-na-la-la-gre-s.html

 

За повеќе информации за продажната мрежа на мојот издавачки центар, прочитајте на следната веб страница:

http://www.kniga.mk/network.html

 

Со почит,

Јаневска Мариа

Интервју – ТАА: „Многу искреност, љубов полеана со црвено вино и чоколадо од малина“

Image

Image

ТАА

Пишува: Надица

Фотографии: Јанус

„Белешките на Лајла Грејс“ се текстови кои предизвикаа огромно внимание на социјалните мрежи, читаноста достигна точка на вриење, а главен виновник за тоа е Марија Јаневска. ТАА деновиве очекува од печат да излезе нејзината книга, за уште повеќе да им се доближи на оние кои неуморно ја следат.

За почетоците…

„Се сеќавам дека цел живот сите проблеми ги решавав тогаш кога ќе седнев да пишувам. Пишував за себе. Тоа ми беа некои моменти каде пишувајќи некоја приказна, во мислите како на табла си ги редев настаните како парчиња сеќавања и се изгледаше толку едноставно. Како ми поминуваа тинејџерските години сфаќав дека секое заљубување и секоја врска, секоја караница, секој тогаш нерешлив проблем, ми носеа уште по интензивни емоции со кои моите измислени приказни стануваа се` по реални и по бурни. Инспирацијата ми доаѓаше од секаде. Се` случуваше да здогледам еден заљубен пар и да составам цела бајка во глава. Кога се запишав на факултет пишувањето беше повеќе од само „дел од мене“. Пишувањето бев јас самата. Пишував постојано – кога ќе станев од спиење, на предавања, доцна навечер, се` случуваше дури и да немам каде да пишувам па да фаќам забелешки во мобилниот телефон. Моите дома беа навикнати да ме гледаат задлабочена во парче хартија или во екранот од лаптопот и знаеја дека пишувам – момент кој никако не смеат да го прекинат. Се исклучував целосно од реалниот свет. Пишувањето беа моменти на медитација, каде се` околу мене анулирав и останував сама во својот свет…“

Приказната продолжува…

„Кога минатата година решив сето мое секојдневие да го ставам на еден блог, бројот на читатели растеше интензивно, бројот на фанови на фан страна на фејсбук исто така. Не сакав да навлегувам во тешки описи и уметнички стилови. Кога пишував секогаш се трудев да внесам искреност и тоа да изгледа интимно, едноставно и блиско до секого, како да и раскажував на својата најдобра другарка. Толку многу се пронаоѓаа во сите тие емоции, што јас бев вчудоневидена и позитивно охрабрена да продолжам. Поуките кои ги носеа тие мали приказни во себе ги доближуваа повеќе до моето пишување и веројатно читајќи ги моите текстови се чувствуваа како да не се сами. Се` се случи за два-три месеци. Толку многу брзо, што немав време ни да мислам. Лајла Грејс на читателите им стана секојдневие, а тоа толку многу ме исполнуваше. Нормално, неизбежни беа и оние интимни прашања дали таа љубов портретирана на блогот ми се случила, дали се` она што е напишано е вистина, дали некој толку многу ми го скршил срцето, па произлегле сите тие срцепарателни зборови. И на крајот, едни длабоки прашања кои бодат очи „Од каде сета таа сила по таквите емоции да продолжам понатаму? Постои ли љубов после ЉУБОВТА?“ 

Кога си ги поставив истите прашања себе си, сфатив дека што и да сакаш да направиш во животот мораш да почнеш од себе. Да не сум се заљубела во животов ниту еднаш, да не ми го скршеле срцето, да не сум ја сфатила убавината на црвено вино и чоколадо од малина проткаано со бакнежи, веројатно немало да измислам било каква приказна и да напишам ниту еден успешен текст. Вистинската продуктивност лежи во нас самите, а секој пораз во животот за мене бил шанса за поголем успех. Негативноста ја пренасочував во креативност, се изолирав и на читателите им подарував парчиња љубов каква што можеби јас не успеав да доживеам. Нормално дека постоеше една таква огромна љубов која потегна толкави емоции, но, ако гледаме така се` мора од нешто да почне. Секој од нас доживеал една таква љубов за која мислел дека нема живот понатаму, но треба да знаеме дека секогаш има уште толку многу љубов во светот за сите нас. Се` што ми требаше мене за да го сфатам тоа беа многу напишани зборови и време. Само време. По една година, таа љубов која чинев беше толку огромна, ми наликуваше на површна и избледена, па своите емоции ги сметав за смешни. И од тогаш натаму запомнив: „Секогаш ќе има уште неистрошлива љубов во светот за нас“. Она што останува е најважното нешто – љубовта кон нас самите…“

Сите имаме свои соништа…

„Кога сега ќе погледнам наназад на тоа како се развивав како личност, веројатно мојата ограниченост и затвореност во поглед на емоциите, ме натера пишувањето да го гледам како еден вид на издувен вентил во мојата глава. Од секогаш сум изгледала замислено и секогаш луѓето мислеле дека кој знае колкава војна ми водат мислите во глава. Ама таа комплексност е тука во мене и јас не можам да ја скротам. Колку повеќе се обидувам, толку повеќе ме тера да пишувам, а мислите ми се како навиена касета која нема крај. Не можам да ги сопрам, а и не сакам. Тоа е посилно од мене. Тоа сум јас. Лајла Грејс живее во мене.

Изнесувањето на мојот поглед на свет во јавноста беше најтешкото нешто кое го направив, но на тој начин станав уште по самоиверена и научив да бидам сигурна во своите одлуки, сеедно дали се тоа професионални или приватни. Критиките и негативните коментари секогаш ќе ги има. Ако ги нема, тогаш нешто не е во ред. Во светот постојат 7 билиони луѓе, уште толку различни карактери и толку различни вкусови и сфаќања, што ги прави критиките и негативните коментари сосем нормални. Баш тие ме направија толку многу стабилна личност што често се изненадувам себе си со своите промислени, а некогаш и спонтани постапки. Не можам да кажам дека брендот на препознатливост носи само лична сатисфакција, напротив. Тоа е огромен товар затоа што ги служиш своите сфаќања на тацна. Оставаш тотална разголеност, отворена можност за осудување и критика. Но, доколку љубовта кон тоа што го правиш е по голема, тука веќе нема дилеми. За мене сатисфакцијата не доаѓа од популарноста, туку од признанијата и начинот на кој читателите се пронаоѓаат и сочувствуваат со напишаното, со моите зборови, со моите мисли. Има ли нешто по убаво од тоа?“

Марија како Лајла Грејс…

„Студирам Фармација и навистина сум целосно посветена и заљубена во својата професија. Често ме прашуваат од каде две толку тотално спротивни делчиња, за мене функционираат толку совршено и толку синхронизирано. Но, љубовта кон хемијата, кон лабораториската пракса и хемиските анализи од секогаш ме воодушевувале и се случувало да изгубам поим за време задлабочена во некоја книга во читална. Од друга страна, кога зад мене ќе се затвори вратата од лабораторија, се соживувам и живеам во еден друг свет каде можам да му помогнам на светот. Самите сознанија дека на некој начин придонесувам за доброто на човештвото и дека со мојата работа некаде можеби ќе се спаси нечиј живот, уште повеќе ме мотивира да продолжам со работа, дури и кога нозете ме болат после долги часови поминати над препаратите.

Моментално работам на романот кој планирам да го завршам во 2014 година, кој ќе биде малку поинакво нешто од мене, кој ќе привлече поинаква публика, но мислам дека е многу рано да се зборува за тоа. Она што е сега актуелно и за што долго време се шушкаше е книгата „Белешките на Лајла Грејс“. И да, вистина е. Летово седнавме и сработивме и веројатно промоцијата на истата ќе биде на есен. Збирката ќе биде целосно мој продукт, од корицата, дизајнот, до се` она е напишано во неа. „Белешките на Лајла Грејс“ е книга во која се вложени и проткаани многу емоции пред се`, парчиња љубов каква што секој од нас бар еднаш посакал да има, зборови кои секогаш ќе ми влеваат храброст и мисли кои ме тешат и во најлошото. Сите зборови сакав да бидат дел од мене, посветен на моите читатели. Сакав тој дел од мене да го имаат во своите домови засекогаш.
А што се однесува до блогот, тој секогаш ќе остане дневна доза на љубов, секојдневие полно со насмевки и зборови посветени на некоја избледена љубов. Затоа што секогаш ќе има уште многу љубов во светот за нас.“

 

Цитати: „Сурова недоделкана неискусна искреност“ – Јаневска Марија

Image„Не знам дали не сакав да ја сакам или се плашев да ја сакам. Во животов бев скитник кој прикупуваше моменти и не знаеше да ги цени. Сите овие години, живеев од моменти и бев презаситен. Кога ја запознав, најдов сурова недоделкана неискусна искреност. Знаев да ја фатам за рака и да и речам, еве денес ќе пробаш што е добро ѓомлезе, денес ќе видиш каде е најдоброто ѓомлезе во Скопјево. Или ќе и купев чоколадо и ќе ја качев на некоја зграда, ќе ја завиткав во мојата јакна и ќе и растрепереше нешто на неа. Како мало дете од градинка порано да си го земал, дома да си оди, кај играчките. Кога и го покажував животот онака како што јас го доживував, гледав колку мизерност и се ткаеше низ срцето кога сфаќаше дека нејзината генерација беа материјалистични души кои не знаеја што е поентата на едно убаво кафе и муабет. Знаев да ја земам спремна за диско и наместо во диско да ја однесам во чаршија, да ја завлечам низ сокачињата, низ калдрмите да ја кренам во раце затоа што не можеше да оди со штиклите, да ја уплашам без ништо да и кажам и да ја однесам во Менада. Никогаш нема да и го заборавам погледот кога ги здогледа цвеќињата во жардињерите на мостот, свеќите на дрвените масички и виолините. Така жедно подголтна и ми се фрли во деттски стисок. Никогаш не ми викаше те сакам. Знаеше дека ќе сменев расположение. Ќе се намрштев. Ама очите беа доволни. Колку јас не знаев да го ценам она што успевав да го проживеам, се` пожеден станував за нејзините реакции. Беше жедна за живот, а не знаеше како се живее. А јас и покажав. И покажав и ја оставив. Да… Ја оставив да живее…“

– Јаневска Марија, 2013
http://www.youtube.com/watch?v=ndtQbrUe63A

Цитати: „Ваков или таков – ќе ме сакаше“ – Јаневска Марија

Image„Кога уназад вака ќе помислам на неа, све најлошо ја научив. Се` плашеше од брзи коли, а сега обожава брза вожња. Сега обожава се` шо ќе и го дигне адреналинот у глаа, ваљда зашто ја натерав да се прости од ајкулите у стомак. Не се тие за тебе, мала, не летај, и викав. Ја научив да иде на рок свирки и да слуша стари екс ју хитчиња од времето кога се родила. И купував чоколадо. Ја љубев, па ја лажев. Ја смеев, па ја разочарував. Ја научив дека не треба да им веруе на стари мангупи, туку само да се забавља. Ја научив како да користи и ја научив дека никој не смее да сака повеќе од себе. Слепо ме сакаше, а јас и покажав дека баш така не треба. Таква љубов е само за децата, и викав, ако некогаш ги имаш. Парите ништо не и значеа, а од мене научи дека ако денес немаш пари, си никој и ништо. И ги скратив крилцата и ја научив дека очекувањата треба да и се рамна даска. Јебига… И за ништо не ми беше криво бе. Нити затоа што никогаш повеќе не ме побара, ни затоа што никогаш пак не ми рече „Те сакам будало една“, ни затоа што нема повеќе кој да ми хистериша за ситници, а јас да изигравам возрасниот, па да ја чувам, да ја учам, и секогаш да и вртам глава и да и викам „Не те сакам, мала си“. Туку… ете, ми фали она искреното во неа. Она детското во неа, коа нешто немаше да и чини, па ќе направеше од оние фацине нејзини и ќе ме гушнеше со сила. Сакајќи да каже нешто ќе се откажеше. Ќе ги замоташе рацете уште повеќе околу мене. Ќе ја потпреше главата. Ќе воздивнеше. Ќе се помиреше. И ваков или онаков, ќе ме сакаше. “

– Јаневска Марија, 2013
http://www.youtube.com/watch?v=BPt2XVTRhMA