1 Коментар

Цитати: „Сурова недоделкана неискусна искреност“ – Јаневска Марија

Image„Не знам дали не сакав да ја сакам или се плашев да ја сакам. Во животов бев скитник кој прикупуваше моменти и не знаеше да ги цени. Сите овие години, живеев од моменти и бев презаситен. Кога ја запознав, најдов сурова недоделкана неискусна искреност. Знаев да ја фатам за рака и да и речам, еве денес ќе пробаш што е добро ѓомлезе, денес ќе видиш каде е најдоброто ѓомлезе во Скопјево. Или ќе и купев чоколадо и ќе ја качев на некоја зграда, ќе ја завиткав во мојата јакна и ќе и растрепереше нешто на неа. Како мало дете од градинка порано да си го земал, дома да си оди, кај играчките. Кога и го покажував животот онака како што јас го доживував, гледав колку мизерност и се ткаеше низ срцето кога сфаќаше дека нејзината генерација беа материјалистични души кои не знаеја што е поентата на едно убаво кафе и муабет. Знаев да ја земам спремна за диско и наместо во диско да ја однесам во чаршија, да ја завлечам низ сокачињата, низ калдрмите да ја кренам во раце затоа што не можеше да оди со штиклите, да ја уплашам без ништо да и кажам и да ја однесам во Менада. Никогаш нема да и го заборавам погледот кога ги здогледа цвеќињата во жардињерите на мостот, свеќите на дрвените масички и виолините. Така жедно подголтна и ми се фрли во деттски стисок. Никогаш не ми викаше те сакам. Знаеше дека ќе сменев расположение. Ќе се намрштев. Ама очите беа доволни. Колку јас не знаев да го ценам она што успевав да го проживеам, се` пожеден станував за нејзините реакции. Беше жедна за живот, а не знаеше како се живее. А јас и покажав. И покажав и ја оставив. Да… Ја оставив да живее…“

– Јаневска Марија, 2013
http://www.youtube.com/watch?v=ndtQbrUe63A

One comment on “Цитати: „Сурова недоделкана неискусна искреност“ – Јаневска Марија

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: