За авторот


m new 1

Јаневска Марија (English: Janevska Maria,  родена на 29ти август 1992 во Скопје) е македонски блогерист, колумнист и самоук автор на кратки текстови, колумни и новели.

Јаневска Марија е родена во Скопје, Република Македонија.  Нејзиното основно образование го завршува во 11ти Октомври, како и во Димитар Македонски. Нејзиното средно образование во 2007 година го продолжува во скопската гимназија СУГС Јосип Броз – Тито, а по навршувањето на државната матура во 2011 година, таа се запишува на Фармацевтскиот Факултет во Скопје.

Според нејзините зборови таа пишува од кога знае за себе, меѓутоа нејзиното прво излагање во јавноста е летото 2012 година по што за кратко време псевдонимот Лајла Грејс  доживува голема популарност и препознатливост.  Веќе во март 2013 година се решава за целосно демистифицирање на псевдонимот и го дава првото официјално интервју за ТЕА Модерна.  Во мај 2013 години посочува на издавање на првата книга, збирката  „Белешките на Лајла Грејс“ која се најавува кон крајот на годината. Исто така истиот месец го најавува и нејзиниот прв роман за 2014 година.

Нејзините дела се познати по кратките скриени пораки кои ги носат во себе, срцепарателни зборови во кратките приказни во кои секој може да се пронајде. Тие несомнено се инспирирани од нејзиниот живот, но сепак пораките кои ги носат во себе се добро скриени во туѓи измислени приказни.

Нејзината мала кариера како писател се должи на кратки инспиративни автобиографски текстови (проза и поезија) како и колумни на неколку македонски веб-страни.

За повеќе информации, обратете се на m_janevska@yahoo.com

10 thoughts on “За авторот

Напишете коментар