Цитати: „Скептична“ – Јаневска Марија

ImageИ помина толку многу време. Не знам како да ви кажам. Многу време. Емотивната страна ја закопа некаде под софистицираната површина и стана поим за девојка. Силна, амбициозна, мила, секогаш во центарот на сите случувања. Висината на скалилата ја исполнуваа по малку секој ден и таа забораваше на оној вистинскиот дел од неа кој таа го умртвуваше секој ден газејќи го со својата гордост. И повеќе не и беше важна љубовта. Излегуваше, се забавуваше, кариерата напоредно се искачуваше стрмно по нагорен тек, а љубовта повеќе не постоеше. Постојано беше насмеана, во движење, секогаш спремна да помогне и да сослуша, но беше глува за интимности. Ја имаше затворено таа врата одамна.

Беше станата премногу скептична. Беше решена дека принцот на белиот коњ не постои и дека никој нема да ја сака така искрено и вистински како што секој на светов заслужува. Беше сигурна дека не постои љубов ко на филм. Веруваше дека не постои фраерот кој го пратат лоши зборови и кој е дрзок со сите, но кога ќе ја запознае таа ќе му стане слабост и тој пред неа ќе падне на коленици и се` ќе направи. А исто и дека не постојат тепачи, моторџии, градски дон жуани кои преку ноќ ќе се претворат во принцот од југ, само затоа што ја запознале неа. Не веруваше и крај. Многу пати, многумина се обиделе да ја поканат на една културна пијачка за да се обидат да и го докажат спротивното. Но, не. Таа ги сечеше од корен.

И не и беше битно дали нејзиното тело ќе заборават како е да почувсвува машки допир, ниту како срцето и потскокнува кога на телефонот ќе се појави повик од дотичниот, ниту како усните ја болат од премногу бакнување по првиот состанок. Беше спремна дека можно е никогаш повеќе да не почувствува љубов, затоа што беше сигурна дека нема да легне со првиот кој ќе и изглуми идеален и фин и кој ќе и биде уште едно разочарување и уште една бројка плус. Се` тешеше дека е среќна што некогаш ја имала таа љубов. Ја почуватвувала и сега ја чуваше некаде длабоко во себе. Оние погледи од кои се` во неа гореше, оние допири каде трепереше како дете кога се плаши и оние бакнежи кои и го одземаа здивот. Се` држеше до спомените и се` заглавуваше во времето и просторот. Емотивно стагнираше.

И беше тоа еднаш. Некогаш одамна. Љубов каква што никогаш не се раѓа. Љубов која ја повреди. Љубов која и ја однесе сета надеж. Љубов која ја направи скептична. Љубов која ја натера никогаш повеќе да не верува во неа.

 

– Јаневска Марија, 2012

http://www.youtube.com/watch?v=poy2WkxBbcw

Advertisements

Цитати: „Милион причини затоа што го сакам“ – Јаневска Марија

ImageГо сакам поради начинот на кој знаеше да ми го убие стравот. Го сакам поради ретките, но никогаш заборавни бакнежи од кои наеднаш зовривам, образите ми стануваа пеколно црвени, а во стомакот ми се разбеснуваат оние смешни ајкули.

Го сакам поради тоа што не може да кажам те сакам, поради тоа што мрази лигавење, а сепак знае толку добро да ми покаже колку му значам. Го сакам поради непредвидливите прегратки од зад грб и поради неочекуваните бакнежи. Го сакав и кога не сакаше да се бакнува, туку само да се гушка.

Го сакам поради некогаш заредените повици во текот на половина час, го сакам затоа што толку смешно се обидува да прикрие кога му недостигам. Го сакам поради начинот на кој пие само топло макијато, но со ладно млеко, без некоја логика. Го сакам поради неговото искуство и поради неговиот цинизам, каде на секој искажан збор има одредена скриена доза љубов која само јас знаев да ја препознаам.

Го сакам затоа што е манијак во кола, затоа што обожава да изиграва Шумахер, но моето присуство го смирува до тој степен што со мене брзинометарот не надминува шеесет. Го сакам затоа што ми дозволува да му го чепкам радиото и рандом да си меморирам мои музички станици. Го сакам поради грижливоста, и поради неговата груба нежност. Го сакам кога ми ја мрази шминката, го сакам кога ме сака разбушавена и поспана, токму онаква каква сум кога ќе станам од спиење. Го сакам затоа што ми купува чоколадо и црвено вино и ме остава да се напијам, а потоа ме трпи и кога се глупирам.

Го сакам затоа што му ги обожавам бакнежите од зад грб додека спијам, затоа што само тој знае да ме однесе на врвот и да ме остави несебично да уживам таму. Го сакам поради неговите години и поради неговата самодоверба за која тој не е свесен. Го сакам затоа што секогаш ми мириса на класична колонска вода, мастики за џвакање и прегорена цигара.  Го сакам затоа што само тој може да ме трпи, и кога ќутам и се лутам и кога со часови зборувам како навиена. Го сакам  затоа што само тој е тука кога со часови не можам да престанам да плачам, и кога сум неподнослива шмизла.

Го сакам затоа што без него се` ме боли и затоа што без него мојот свет не е цел. Го сакам затоа што знае да ме налути, знае да ме расплаче, но и за исто толку време знае и да ме насмее. Го сакам затоа што ме сака и се бори против тоа. Го сакам затоа што наводно не сме еден за друг. Го сакам од инат. Го сакам затоа што не сакам да го сакам. Го сакам и тогаш кога мислам дека не го сакам.

Го сакам дури и тогаш кога велам крај. Дури и тогаш кога велам збогум.

– Јаневска Марија, 2012

http://www.youtube.com/watch?v=UxOZ6gifTjA

Цитати: „Клише“ – Јаневска Марија

ImageИ колку и да беше наивно изгубена во таа љубов, таа имаше способност кога да каже доста! Да, срцето и беше заробено, засекогаш му припаѓаше на него, но со сите сили го откорна од градите и стана нема за љубовта.

Што и згреши тој на неа? – Премногу се плашеше, премалку уживаше.

Што му згреши таа на него? – Премногу го сакаше и сто пати велеше збогум.

Им требаше нов збор за збогум, овој едниов веќе стануваше клише, го изгуби своето значење. Премногу пати кажан, преболно доживеан, а премалку присутен во вистината.

– Јаневска Марија, 2012

http://www.youtube.com/watch?v=KmWE9UBFwtY

Цитати: “Батали ме” – Ксенија Николова

Image

Кога раскинавме, не ми беше тешко. Уствари, ние раскинувавме. Процес, ти текнува? Се трудев да не мислам на тоа како ќе ми биде без неа и што ќе правам и дали ќе можам. Залудно е. Битно ми беше само да и кажам неколку работи. Она си мислеше дека јас ќе ја барам и дека ова не е крај и дека јас пак ќе дојдам и ќе се сретнеме. Ама јас знаев дека тоа не е паметно. Затоа и кажав:

“После се` што се случи, јас знам дека ние не сме еден за друг. Не знам што сум мислел и што сум пробувал да направам додека сум те сакал, ама знам дека каков што сум сега не сакам да бидам повеќе. Не сакам да те сакам, сфаќаш? Дали јас ќе можам и како ќе можам, тоа е мое. Од тебе барам само едно нешто. Кога ќе ме видиш, прави се дека не ме гледаш; кога ќе те барам, прави се дека никој нема; кога ќе те гледам, прави се дека никој не те гледа; кога ќе слушнеш за мене, прави се дека не знаеш за кого зборуваат. Јас морам да те оставам. А ти мораш да ми помогнеш. Не знам дали си свесна колку те сакам. А јас не знам дали сум свесен колку ме сакаш. Батали ме бе, како што сите што ги знаеме баталија по некој. Ти ли не можеш? Сакам да ме баталиш до тој степен, да секој пат кога ќе поминеш покрај мојата зграда, кружиш од другата страна за случајно да не се сретнеме.”

– Ксенија Николова, 2012

Цитати: “Крај на приказната” – Јаневска Марија

Image

И конечно, како сол на рана, како солза на образ, како камен од срце, како мрежа на душа, се` се расплете, се` се расткаа и сета таа заблуда исчезна. И како некоја ладна свиулина ме обви, некои остри трпки по срцево и сфатив – не сум била љубена. Како да сакаа некои невидливи солзи да продрат низ мене, но со сила ја држев насмевката окончана. Не се чувствував сама, се чувсвував осамена, предадена, згазена. А тоа е многу полошо од тоа да бидеш сама. Затоа што јас не бев сама, но срцето ми беше полно, а сепак празно. Навидум сосем осамено. Сета таа љубов на луѓето кои срцето го даваа за мене, не можеше да допре до сржта и да ме згрее, затоа што јас своето срце му го предадов нему, оној за кој мислев дека безрезервно ме љуби. И сега што? Срцето ми е преполно со него, а сепак празно, ладно и замрзнато. Единствено солзите се топли, но не си дозволувам да плачам. И на крајот од краиштата што може еден мангуп со своите игри, колку што можам јас со својата искрена љубов. И ми светна. Наеднаш празнината ја исполнив сама со себе. Да, го сакав. Вистина беше. Го сакав, најповеќе од се`, од сите. И не знаев дали некогаш некој ќе сакам толку како него. Но време беше, седнав, си го отворив срцето и запишав:

Те сакам…Но, се сакам себе си повеќе.

И го скинав тој лист од книгата, го свиткав тоа парче стара хартија, го згужвав со сета сила во раката, го згмечив под прстите и го фрлив некаде далеку од мене. Ја кренав таа книга некаде далеку во спомените и земав нова, овој пат, празна. Знаете, понекогаш не е доволно да свртиш нов лист. Понекогаш треба да смениш книга.

– Јаневска Марија, 2012

http://www.youtube.com/watch?v=39sC_7yfKFg&feature=related

Цитати: “Moje srce odavno vec ne zna ljubit`” – Јаневска Марија

Image

– Al sad je se secas?

– Kako ne prijatelju, kako ne. Nisan nikad mog’o zaboravit’. A znam da nisan smio da je ljubin tad, al sta sam mog’o… A da je vidis koliko je bila lipa u mon zagrljaj, nisan mog’o nista rec’.

– Al zasto si je lagao?

– Ma ne, ni sam ni san znao sta da radin.

– Pa si onda precutao?

– A kako sam mog’o da je razocaran, kako sam mog’o da joj kazen da moje srce odavno vec ne zna ljubit’…

 

 

– Јаневска Марија, 2012

Цитати: “Изгубеното” – Јаневска Марија

Image“Не е кукавички да се молчи за љубовта, но да ја премолчиш од страв да не бидеш повреден – да. Зборовите кажани од срце допираат до срце, а зборовите кажани од јазик допираат само до уши. Па затоа не ме повреди кога ми рече дека ме мрази, дека никогаш не се враќа назад. Како влегло, така од друга страна излегло. И не. Не сакам да љубам рамнодушност, ах, а колку и да ми е тешко ќе го одљубам. Рамнодушноста е отров за душата, а мојата… Мојата е преполна со живот.

И тогаш бев заљубена, заслепена. Љубев и мислев сиот свет ќе го променам. Ќе го променам и него и неговата љубов, па ќе живеевме во бајка. Но денес, денес солзите ја залечија болката и ме направија мудра – денес се менувам себе си.

И знам дека рекол дека ме изгубил, но не, тој не знае – изгубеното е само она од кое сме се одрекле.”

– Јаневска Марија, 2012

(благодарност до нашиот ЈанусТ за фотографијата)