Напишете коментар

„Приказната од Брабант“ – Јаневска Марија

Слика

Таа вечер знаеше дека умира старата во неа, онаа малата наивна заљубена клинка. Еднаш одамна си вети дека нема да порасне зошто само децата искрено љубат, ама постојат спомени потешки и од шамар и после нив секое утро си чекор поблиску до реалноста. Тие беа патиштата поплочени со рамнодушност, како барови каде служат ретко оладено кафе и мувлосан кроасан, како виенски пристанишни канали со мастилни уљени дамки по плочниците и виреж на стоена слама од коњушница, гнилеж и каловини. И стоеше грутка во грлото како канџи зариени и знаеше точно што треба да направи. Ете така и мирисаше тоа утро воздухот, на влага, на празнотија, на несакање, на одбивање, на очекувано разочарување и рамнодушно откажување. И беше сеедно дали хартиите од таа приказна ќе ги заборавеше на некоја клупа, ќе ги стуткаше под рака или ќе ги распраечеше од мака. Јасно се гледаше крајот кога спомените беа само прашинка на последната полица на срцето, дузина разменети бакнежи, неколку холандски колачиња со рум, рамнодушни прегратки, двајца странци од различни краеви на светот и празни ладни ветровити ноќи во Брабант.

– Јаневска Марија
Тилбург, Холандија 2014

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: