Напишете коментар

„Да засакаш и да не е важно ништо друго на овој глупав свет“ – Јаневска Марија

Слика

Понекогаш како залутано врапче стравот ми го труеше она детсткото во мене и ми носеше досадни сомнежи кои ме правеа робот и кои од љубов ни Љ не оставаа.

После сите тие ноќи си го терав срцето да се заљубам. Сакав да сум дете и да заборавам. Ако ништо друго бар знаев дека непроценливото кај едно дете е интензитетот во искреноста на емоциите, на реакциите, на погледите, постапките… Заспивав мислејќи на тој интензитет и сфаќав што значеше цел живот она од постарите „еднаш си дете“. 

Заљубена бев во тој интензитет и за жива глава немаше да си дозволам да го изгубам. Играњето топло-ладно и фраерлукот го смалуваше интензитетот на минимум и веќе не стануваше збор за никаква допадливост на еден таков искрен начин, како кога срцето ти се распрснува кога симпатијата од градинка ти ја дал неговата играчка. 

Ете така. 

Со годините, секое искуство, секој пораз, секоја победа, ти ја преформулираат љубовта. Ја дефинираат како „на ти го – дај ми го“ помеѓу двајца чии критериуми за партнер се совпаднале и каде задоволството е во една рамнотежна равенка. Со годините повеќе љубовта е предизвик отколку адреналинска допадливост која нема ни причини ни последици. 

И понекогаш кога ќе дојде таквиот момент кога како дете се радуваш на некого, без некое очекување, без некој план, ќе сфатиш дека џабе си дијамант во свет опкружен со обични камења. Секој ден ме потсеќа дека поминал оној претходниот и дека овој ќе е нешто ново, излез од блуткавата тепачка меѓу социјални сталежи за приоритетни поседувања на луѓе. 

Зар задоволство е да поседуваш некој кој паднал на игра? Зар задолство е да имаш некој како трофеј за успехот на твојата манипулација, а не ради искрена љубов? 

Ние луѓето сме чудни суштества. 
Навикни не на нешто и земи ни го. 
Колку и да не чини, ќе трчаме по него. 
Права дефиниција за манипулација. 

Ама уморна сум веќе. Сите скриени патчиња ги научив, сите бункери, сите финти… и помош од пријател знам да одберам како џокер кога треба. Докторирав на превари и далавери. 
Ама што ако?

Кога ќе заспиеш после еден таков затуткан ден, каде рушиш рекорди на максимално исполнето време, ако се` уште имаш некое парче од тоа детското во тебе – сонуваш…
Да засакаш маж, кој ќе ти ги исправи сомнежите и ќе леташ. 
Да засакаш и да ја уништитш потребата од игри.
Да засакаш и да останеш дете.
Да засакаш и да делиш дури и кога денар не останал во тебе.
Да засакаш и да сфатиш дека нема болка во ниеден пораз.
Да засакаш и да сфатиш дека нема солзи кога тагата ќе ја поделиш на две.
Да засакаш и во очите негови со поглед да си ја бараш силата затоа што знаеш дека секогаш ќе ти ја чува.
Да засакаш и зборови да не се потребни дури ни кога треба да чуеш „те сакам“. 
Да засакаш и да си на најдеш „домата“ во една туѓа прегратка.
Да засакаш и никогаш повеќе да не бидеш своја.
Да засакаш и да не е важно ништо друго на овој глупав свет.

– Јаневска Марија, 2013

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: