Напишете коментар

„Во очите `и видов“ – Јаневска Марија

Слика

Во очите и` видов нежност,
Не по кожата,
Со допир порите што и ги милував,
Не по усните,
Од сласт што и ги раскрварив.

Во очите и` видов страст,
Не на рацете,
Што со сета сила ме влечеа кон себе,
Не на дланките,
Што згрчено жили набрекнале.

Во очите и` видов искреност,
Не во стравот,
На страшен филм што ме бара во прегратка.
Не во крикот,
Како дете што трча низ песочен парк.

Во очите и` видов желба,
Не онаква од ѕвезда кога паѓа,
Та кроз трепки на затворени очи душата си ја испушта,
Не онаква од Дедо Мраз,
Од оџак што паѓа, пред прагче пред врата што доаѓа.

Во очите и` видов надеж,
Не ко ливче од спортска,
Која уште една ја чекаш да фатиш,
Не ко штикли на попуст,
Пред тебе некој што ќе ти ги земе.

Во очите и` видов љубов,
Не ко пред олтар,
Десет пара што промумлале „да“,
Не од едно „те сакам“
За кое од неа ќе чекаш години да го рече.

Во очите и` видов љуов.

Ете таква,
Ко од книга зборови украдени,
Ко од книга зборови во зениците проткајани.

Ете таква,
Ко од цртан филм извадена,
Ко од аладинова ламба побарана.

Ете таква,
Ко од душа извадена,
Ко од слатки морници изградена.

Ете таква,
Ко од небо падната.

Ете таква,
Ко за мене калапена.

Ете таква,
Ко од срцево украдена.

– Јаневска Марија, 2013
http://www.youtube.com/watch?v=S7mZ5Y6OuH0

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: