Напишете коментар

Цитати: „Tango“ – Јаневска Марија

Image„Од жештината дента, некако се` што му беше потребно беше таа ладна жолтеникавост во чашата со коњак додека коцките мраз се виореја на секое движење. Ама жештината не спласнуваше. Додека полека и зборуваше доближувајќи и` се и ја потргнуваше косата од увото со раката и на моменти ги губеше зборовите. Му мирисаше на ванила и на топено чоколадо. Му мирисаше на секс и прегратки на изгрејсонце. Усните и беа влажни и неизмерно слатки додека се насмевнуваше, а насмевката му одѕвонуваше во мислите секој миг. Додека погледот скришно му паѓаше на нејзиниот врат чувствуваше како да и го мириса пулсот, како да можеше да и го задржи тој звук кога насмевнувајќи се се клатеше кон него. Потпрени на шанкот не беа свесни за околината. Дрвената резба од шанкот беше занемарена, а во заднина свиреше некој стар џез, некој стар блуз измешан со дабстеп. Таа мирисаше на вино и бакнување до зори, а тој на силен коњак и танго меѓу свилени чаршафи во полуосветлена соба. Не му беше битно каде е, не му беше битно кој знае или кој не знае. Овој пат сигурно можеше да ги затвори очите и да знае дека конечно е цел. Затоа што кога ги затвораше очите на празното место поред себе ја гледаше неа. Топла, поспана и боса. Гола, ненаспана и само негова.“

– Јаневска Марија, 2013
http://vimeo.com/62617879

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: