Напишете коментар

Цитати: „Љубовна исписница“ – Јаневска Марија

Image„Деновите поминуваа. Ма кои денови, години изминаа. Јас оној исти скептик како и секогаш, неуморно ги трошев деновите, те на журки, те по работа, те по некои кокони. Скитање, спиење, скитање, спиење, некој коњак тук таму и пак истиот круг. И со стотина околу мене сам бев. Ваљда и затоа толку време поминував надвор од дома. Моите не ме ни гледаа. Кога завршуваше денот, кога ќе дојдеше таа тишина, тогаш се чувствуваше она глупавото што ми се таложеше во мене. Си викав или сум баксуз или јас си ги правам сам работиве. Одамна се откажав од љубов. Каква љубов бре. Тоа за мене не постоеше. Очигледно оние што некогаш добреле до мене никогаш и не требало да допрат. Очигледно до мене допирале само погрешни. Кога дојде она, ја приврзав за себе, мала, наивна, ја излажав, а после ја анулирав по брза постапка. Таа среќа со неа и тоа во мене што ме асоцираше на нешто дека конечно не сум сам ми креваше толкава паника, толкав страв и јадеж, и се` што сакав беше да ја згазам под мене. Да направам да исчезне или да си го покаже вистинското лице.Не и верував ниту на едно нејзино „Здраво“. Ја провоцирав, ја вреѓав и правев замки. Те ладно, те топло. А не заслужуваше. До таму одев, што и на нејзината смиреност и упорност уште толку сол на раните додавав. Упорно барав во неа лице на превара, неискреност, бљувотници, гадости, ама ништо немаше. Солзите полека полека и ги снемуваше, а она ваљда се претвори во камен. По некое време ја снема. И не бев свесен. И сега уште се убедувам дека не е така. Мала – нашла, па зашла. На погрешна врата затропала. И кога се` избркав од себе, тој штит го држев како животот на конец да ми виси. И така, пролет, лето, есен, зима. Ма, што е битно. Најтешко ми беше кога после толку труд, после толку денови постепено како слагалица ми се редеа факти едно по друго. Џабе негирав, џабе вртев глава, џабе се трудев да се убедам сам. Толку многу имаше од неа во мене. И после се` сфатив. Ја истерав од животот, ама од срцето никогаш.“

– Јаневска Марија, 2013

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: