Напишете коментар

Цитати: Јужно од „Те сакам“ – Јаневска Марија

ImageИ потоа кога приказната се склопи некако се` беше збунувачко. И денот и ноќта ми беа исти. Истата таа тензија и истата таа оѕарена насмевка кога ќе помислев на него и во истиот тој момент телепатски ќе ми заѕвонеше телефонот. Ама таа среќа ми носеше некој страв кој константно се потпираше во мене. Не знаев дали тоа што не можев да заспијам беше бидејќи се плашев таа среќа да не не е реална или не е константна или пак не сакав да заспијам затоа што реалноста во светов каде јас и тој сме НИЕ беше толку прекрасна што мускулите на лицето ме болеа од среќа. Се плашев дека ако го дефинрам она меѓу нас, наеднаш ќе испари, ќе ми се провлече нив прсти, ќе ми се лизне од раце. Константна насмевка, константен сјај во очите и еден страв на секоја прегратка. На секој чекор и секој потег од навика напрегнато се вртев и наѕирав насекаде во став подготвена да се бранам од пречки. Господе, која среќа е оваа. Толкава среќа што сакаш да скокаш, да викаш, да трчаш. Како комплементарен ген при непродуктивен генски сплајсинг бевме јас и он. На секој поглед кога случајно ќе му се загледав во очите тие прекрасни морници надоаѓаа и една грутка, една грутка која ме замолчуваше. Сета таа љубов беше недефинирана. Ниеден роман не може да ја објасни. Ама и јас и он знаевме. Прекрасно беше само да лежам испревиткана во неговите раце и да нема зборови, само тропоти од срцето кон вратот кои забрзуваат при секој допир и тивки воздишки. И полната месечина не беше само месечина. И кафето не беше само кафе. И виното не беше само вино. И чоколадото не беше само чоколадо. А ние бевме на вечен пат. Пат кој води некаде јужно од „Те сакам“.

– Јаневска Марија, 2013

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: