Цитати: „Превез попреку“ – Јаневска Марија

ImageКако што ѕвезда паѓа осамена,
Како што морето заштитнички ја голта,
Како што месечината се плиска во него и им љубомори преварена,
Како што песоктта плаче на обалата од солта,
Како што врелиот асвалт ми ги гали табаните и ми гравира ситни дупчиња,
Како што ветерот ми ги расплетува прамените од плетенката,
Како што те лажам дека ми студи за да ме гушнеш,
Како што ме обгрнуваш со јакната и ми мириса на колоснска вода и тутун,
Како што ми ги испреплетуваш прстите в коса и мириса на сол и невино растројство,
Како што полека ми ги тргнуваш прамените од очите,
Како што се потпираш на мојот врат и го нурнуваш носот во него,
Како што ми ги бакнуваш усните и ми ги гризаш образите,
Како што ми шепотиш заведувајќи ме,
Како што ме лажеш бакнувајќи ме,
Како што ме повредуваш негирајќи ме,
Како што ме оставаш казнувајќи ме,
Како што ме убиваш цел живот од далеку љубејќи ме.

А јас ќе преживеам,
Како што чичкото што продава семки на аголот секое утро ќе се буди за своите деца,
Како што кафето колку и да е горко јас можам да му ставам шеќер,
Како што полжавот вечно ќе се влече низ булеварот не предавајќи се,
Како што сонцето изгрева, дури и милион пати да зајде,
Како што сонцето секоја вечер ќе умира, за да и дозволи на месечината да дише.

А ти само продожи.
Ти само заврти се.
Ти само биди еден обичен спомен кој времето ќе го изаби по ивиците.
Ти само биди едно долго бакнување в зора.
Ти само биди закиселено вино кое фатило кора.
Ти само биди едно оладено ретко турско кафе на тремот.
Ти само биди му на срцево превез попреку.
Ти само биди доволно далеку.

– Јаневска Марија, 2013

1 thoughts on “Цитати: „Превез попреку“ – Јаневска Марија

Напиши одговор на the love addicts Откажи одговор