1 Коментар

Цитати: „Од сонцето е, нели?“ – Јаневска Марија

ImageБев студент. Одличен, ама како робот. Навиен да врши се во точно одредено време, совршено сработено, во рок положено. Емоции на страна. Толку. Бев како слика, мазен лист хартија без мимики и насмевки. Можеби и таа совршена насмевка беше така со штраф заглавена да ми ги краси очите. Ја закриваше тагата во нив. А јас. Јас припаѓав никому,а им припаѓав на сите. Мажите кои чат-пат доаѓаа и си одеа од време навреме ми беа единствената привремена топлина која ја ми грееше душата заглавена во вечна зима. Јас знаев што е љубов, ама за мене веќе не постоеше. Јас или сакам засекогаш или не сакам. Таа вечна зима мислиш ме удавила во мраз и снег, а јас си викав дека е период. Дури и кога на некоја мисла како некој бодеж во сред стомакот ќе ми се распрснеше, се` што требаше беше неколку староградски песни, црвено вино и добро друштво кое нема ни да примети што ти се случува. И смешно е. По некое време како да се убедував самата дека не заслужувам. Премногу изгубив и се навикнав. Сега кога животот ми беше статус кво како упорно да барав некое разочарување. Срцето малечко како да се хранеше од тие невидливи солзи кои веќе беа преточени во една насмевка. А колку болна беше таа насмевка. Грутка од недолечени рани во грлото ми стоеше како грутка морска сол. Гребеше, гребеше. Ама јас свесно се откажав. Свесно се откажав од љубовта тогаш кога се разочарав. И онака сакав повеќе зима од лето. И онака сакав ладнокрвност повеќе од она цимолење те сакам. И онака го сакав повеќе него, од оној кој душата ја даваше за мене. И онака годинава како Господ да ми ја треснал за инат од земја. И онака веќе се навикнав. Ништо не ми фали. Се` ми е рамно. Сега сум како порцеланска кукла во витрина. Штрафот ми ја држи насмевкава углавена, косата совршено испеглана, а очите мокри ми светкаат на сонцево, ама другите веќе знаат. Од сонцето е, нели?

– Јаневска Марија, 2013
http://www.youtube.com/watch?feature=endscreen&v=Py_-3di1yx0&NR=1

One comment on “Цитати: „Од сонцето е, нели?“ – Јаневска Марија

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: