Напишете коментар

Цитати: „Нејзините сто години самотија“ – Јаневска Марија

Image„Беше уште една недела. Беспрекорно нашминканите очи и совршениот кармин. Субтилниот парфем и превисоките штикли. Се` тоа беше толку без ниедна мана, дури гледајќи ја така би ти паднала срам да ја гледаш. Како да понизна на такво совршенство треба глава да наведнеш. Беше свесна дека љубовта и веднеше глава и тоа уште повеќе ја лутеше. Таа бараше љубов, а љубовта и лазеше под нозе бегајќи од неа. Како љубовта да бегаше од таквите како неа. Како оние како неа да беа осудени на сто години самотија. Телото и врескаше. Главата и венеше, а таа со сета сила ја држеше исправена. Порите на кожата како да земаа воздух, како целата таа да се задушуваше. Душата и плачеше за прегратки. Ама чекореше сама. Сама сред бојно поле, додека сите се бореја за љубов, неа не и беше ни дозволено да земе пушка во рака. И ги грабнуваа пушките и ја лишуваа од љубов, од допири, од солзи. Знаеше дека секс може секаде да најде, но беше свесна дека тоа нема да ја исполни. Знаеше дека тоа уште повеќе ќе ја одалечи самата од себе и ќе и го тресне достоинството од земја. Како светот околу да вибрираше кога ќе поминеше, ама само тоа. Само погледи воздишки и вибрации, а вибрациите ја напуштаа. Се` што владееше беше една ладна недопирливост која полека ја носеше во пропаст. И ја смрзнуваше душата и ги заледуваше солзите. Морници ја полазуваа на секоја балада. Единствено од време на време ќе се сетеше на некои допири, на некои бакнежи. Длабоко во себе се трудеше да ги откопа сеќавањата на таа една љубов, ама премногу длабоко ги беше закопала еднаш одамна. Веќе не можеше ни да се сети. Тие сеќавања на допирите испаруваа веднаш при самата помисла. Не можеше да ги сочува ни за миг. Ги стегаше дланките на стаклената чаша полна со вино додека седеше на шанкот. Гледаше во црвенилото кое за миг и даваше спокој и ги зашеметуваше мислите, мирисаше на алкохол и се насмевнуваше. Една вештачка окончаност затоа што само тоа можеше. Да се насмевне и да чекори. Да чекори сосем сама до самиот крај.“

– Јаневска Марија, 2013
http://www.youtube.com/watch?v=5rxHvVDocoI

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: