Напишете коментар

КОЛУМНА: „Реалистичен песимист без цензура“ – Јаневска Марија

Image
Секогаш мислев дека премногу оддавам. Премногу лесно се зближував со луѓето и се прекорував поради тоа. Од секогаш мислев дека искреноста е тука негде со наивноста. Бар така ме учеле. Не лажи, ама премолчувај за твое добро. Во денешно време како сите врски помеѓу луѓето да се изградени по точно определен распоред, како секоја конверзација да се одвива според одреден протокол, цензура. Сите односи се како мрежа од социјално пресметани сталежи, подредени поради нечии јавни ставови кои постојано циркулираат. Циркулираат, а тој круг веќе станува смешно клише. Смачено ми е да ги гледам тие исти погледи, исти фаци и наместени насмевки. Просто, тие искалкулирани движења се како комерцијален амерички филм. 
Сметав дека можам подобро од тоа, па решив да излезам од зоната на комоција и да пробам да направам нешто надвор од полето на сигурноста. Викаат ако ризикуваш премногу ќе останеш со празни раце. Ама ако ризикуваш без да очекуваш, по секој основ ќе добиеш многу. И ќе научиш и ќе се забавуваш. И тогаш веќе не си шизик на ризик, туку само шизик. Кога еднаш ќе ги пресметаш ризиците и ќе ги сведеш на минимум, адреналинот се губи, а со тоа и задоволството. И веројатно така се` ти е рамно, се ти е сеедно. И тука веќе не ја сфаќам поентата на таквото добивање. Како да не живееш, туку само живуркаш. А си се запрашал ли, кога последен пат направи нешто за прв пат? Ни јас. 
Еднаш некој ми рече дека песимистите се најсреќни. Ако добијат негативна реакција, ќе биде очекувано за нив и тие ќе останат смирени и задоволни, а од друга страна ако добијат позитивен фидбек, тоа само ќе им ја дуплира среќата. Од неодамна сум реалистичен песимист без цензура. Луѓето ги гледам како шаховски фигури, климам со главата, се забавувам и акумулирам факти со по некоја чаша вино, додека полето на довербата е секогаш табула раса. И така сум среќна и секогаш позитивно изненадена. А јас? Јас сум секогаш победникот, секогаш центар на светот.

А победникот? 
Е да… „победникот е секогаш сам“.

– Јаневска Марија, 2013

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: