Напишете коментар

Цитати: „Моменти“ – Јаневска Марија

Image

„И некако после сите тие денови поминати, имаше моменти, имаше ноќи кога низ мислите ќе и прелета некоја заостаната емоција и како гром од ведро небо ќе и распрсне морници по целото тело. Ќе го заклатеше вратот налево-надесно, сеќавајќи се како неговите дланки се поместуваа по нејзиното тело и за момент ја чувствуваше повторно онаа нестварна топлина која одамна ја немаше. Помина година дена од тој 19ти март, а толку многу работи се сменија. За година дена таа стана ладнокрвна искалкулирана личност која не сака да слушне за љубовта. И кога малку ќе се занесеше со по некоја чаша вино секогаш се прекоруваше. Ќе го свртеше погледот и сета надеж за љубов ја снемуваше. Дури ни неговиот глас не ја тангираше. За неа повеќе не беше истиот. Не му веруваше. Тој што некогаш го сакала и овој овде беа две различни личности за нејзе. Едниот и остана во срцето и повеќе не постоеше, а овој другиов тук-таму го среќаваше понекогаш низ градов. Никогаш не забораваше да се потсети дека тој и бил грешка. Грешка и ништо повеќе. Понекогаш имаше моменти кога сета љубов за миг ќе и се вратеше, како ураган од ситни мали експлозии од кои и` се будеа ајкулите во стомакот и повторно се сеќаваше. Доцни ноќни излегувања, криења, црвено вино, чоколадо од малина, адреналин, смеа, глупирање и многу спомени. Висење на телефон и никогаш доста. Прекрасно чувство на сигурност и желба да заспиеш во неговата прегратка. Веројатно и само тоа го посакуваше тогаш. И да танцуваше во огнот, ако тој беше до неа, таа не се плашеше, не се сомневаше. Толкава беше таа нејзина нестварна љубов. На ваквите сеќавања само ќе воздивнеше и ќе ги отвореше очите. Повеќе и повеќе. И ќе продолжеше да чита во книгата, да зјапа во телевизорот, да си ја пие пијачката, било што само не тие спомени. И сите ситници кои ја потсетуваа на него одамна ги анулираше, ги бришеше, ги корнеше и бараше да го гледа повеќе за да изнајде причини да го мрази, да и стане одвратен, да може ладнокрвно да му спушти слушалка без да и е грижа, да го одмине на улица без да и затрепери нешто одвнатре, да заспие без да се надева дека еден ден ќе се разбуди покрај него. И ги најде. Ги подели приказните и престана да ја бара љубовта. Сфати – љубовта е во нас. Ако треба да ја чекаме, ако треба да ја оправдуваме тогаш не е љубов. Затоа што љубовта не создава спомени, љубота е вечна.“

– Јаневска Марија, 2013
http://www.youtube.com/watch?v=GSUuWz4jNHw

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: