2 Коментари

Цитати: „Душа на камелеон“ – Јаневска Марија

Image„Кога луѓето кои мислеа дека ме познаваа сфатија дека ако некого сум сакала, тоа било тој идиот, дебил и кретен, збунети бараа одговор, ме прашуваа како сум можела да го сакам? Јас сум била премија за него, зар сум била толку мазохистички настроена сама кон себе? Психички растроена? Само се насмевнував и ја вртев главата кон ветрот на другата страна. Немаше причина зошто да разговарам со луѓе коиникогаш не ја почуватвувале таа топлина и чувството дека конечно си го нашла она „дома“ длабоко во себе. Местото каде што припаѓаш и каде што од секогаш си припаѓала. Тие немаат појма како е да ја бараш сигурноста во другиот. Колку и да е болно, колку и да е ладно, сите после се` се враќаме дома. А дома е онаму каде што сакаш да ја наслониш главата секогаш кога ти е тешко. Тогаш, тоа беше тој. 
Секогаш бев необична девојка. Мајка ми секогаш ми викаше дека имам душа на камелеон. Премногу страни кои и во најлошото можат да се претопат и да преживеат, премногу страни кои не можат да бидат разочарани одеднаш. Јас бев океан, огромен и бескраен. Си ги редев ѕвездите онака како што сакав, си ја градев сама својата приказна. Секогаш знаев да почнам од ново. Да зачекорам после дождот, да ги затворам очите на сонцето, да вдишам длабоко и да си го најдам новиот дом. Одново и одново. Затоа што дома е онаму каде што сакаш да ја наслониш главата секогаш кога ти е тешко.“

– Јаневска Марија, 2013

2 comments on “Цитати: „Душа на камелеон“ – Јаневска Марија

  1. – Јаневска Марија, 2013 ? Седи бе.. Lana del Rey http://i.imgur.com/DbtEN.jpg

    • Затоа што има искористено „душа на камелеон“ е копирање? извини, „душа на камелеон“ е синоним кој уште одамна индијанците го користеле за да ги опишат најсилните, така да пред да напишеш нешто туку така, размисли и едуцирај се.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: