1 Коментар

Цитати: „Длабоко во мене“ – Јаневска Марија

Image„И нема да ја заборавам . Како? Ај заборави како блешти сонцено? Можеш? Таква ведрина не се заборава луѓе. Глуп да си треба за да ја заборавиш. И да ја немаш, споменот ќе те потсетува цел живот по какво стање треба да трагаш. Абре ангел беше. Толку сериозна за озбилни работи дури и смешна ми беше, а па толку зелена за глупости. Абе како мало дете на ситници се радуваше. Ја памтеше датата кога првпат вино сме пиеле или кога сме ја гледале првата месечина. Се` памтеше и тука беше. Тука денес, тука утре, секој ден тука за мене да се сеќава на се`. Ама јас си ги прокоцкав деновите. Сега јас сум тука да се сеќавам, а неа друг ја чува негде далеку од мене. Јас да се сеќавам како се радуваше на секое шетање, јас да се сеќавам на нејзините пијанства, јас да се сеќавам како мирисаше кога цела коса ќе ми влезеше во очи, јас да и го слушам кикотењето потсвесно кога ќе видам девојка со насмевка што личи на неа и никогаш да не заборавам. Никогаш да не заборавам како јакната ми мирисаше се` уште на неа, никогаш да не заборавам колку сакаше чоколадо и вино, никогаш да не заборавам колку ме сакаше, за цел живот да се сеќавам што сум изгубил. А кога ја сфаќаш големината на грешката е многу потешко отколку кога ќе сфатиш дека е веќе готово. Готово е и сеќавањето, на чоколадото му помина рокот, виното се скисели, а мирисот нејзин од јакнава испари, остана уште она – тука негде заглавена. Да, тука. Длабоко во мене.“

– Јаневска Марија, 2013
http://www.youtube.com/watch?v=nVuw8fp3ZDI

One comment on “Цитати: „Длабоко во мене“ – Јаневска Марија

  1. врв во литературата! браво, магично

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: