Напишете коментар

Цитати: „Во малечкото ќоше од срцето“ – Јаневска Марија

Image„Таа приказна секогаш и стоеше во тоа малечко коше од срцето. Тие нежни мали дланки секогаш ќе го паметеа тој груб допир, тие усни цел живот ќе беа крвави од љубов, а тие локни цел живот разбушавени во сеќавање на таа љубов, на тие ноќи полни љубов, вино и смеа. Ноќи полни со рандом песни, ноќи полни со нови спомени. Беше девојка која во него го бараше херојот во кој ќе може да се сокрие секогаш кога животот ќе ја натажи. За жал го бараше на погрешно место. Прерано му поверува, доцна ја сфати вистината, никогаш не можеше да ја прифати. Како дете за мајка што се држи инаетливо, не сакаше да се раздели од таа приказна. Се прекоруваше себе си, како можеше таа љубов да изветрее, како можеше да го мрази. Таа беше неговото девојче. Неговото мало девојче. Само неговото. Во неговите прегратки се` и беше дозволено. И беше дозволено да биде разгалена со чоколадо, и беше дозволено да ги чепка радио станиците и да ги разместува како сака, и беше дозволено да бира каде ќе одат таа вечер, и беше дозволено да пие и да се смее, да отвори прозор од кола и да вришти смеејќи се. Беше само негова и од цел свет скриена таму некаде рано изутрина додека будејќи се го пијат првото кафе некаде заедно или доцна во ноќта блеејќи во ѕвезденото небо. Никогаш не и беше доста да скока по креветот и како мало дете да се врти со раширени раце, а потоа да падне сигурна во неговата прегратка полна, полна со љубов и топлина. Никогаш не и беше доста од смислување нови желби. Сите и беа исполнети. А имаше ли нешто по убаво од тоа твојот херој да те разгали. 
Имаше денови кога изутрина сонцето ќе блеснеше кон црните очила зад кои се криеше и мирисот на кафе ќе ја потсетеше на тие утра каде и горчината од кафето и носеше сласт и ќе и надојдоа морници по целото тело и една огромна грутка во грлото. Воздивнуваше плитко и тешко. Се` што се обидуваше во тие моменти беше да го потисне стравот од сеќавањата и стравот од тој еден семафор. Црвеното светло и беше кошмар. Се прекоруваше за таа грешка во животот. Се прекоруваше како можеше својата љубов толку безрезерно да ја подари на некој кој не заслужува ни трошка од таа нејзина среќа. Се` што чувствуваше беше болка од нејзината распарчена гордост која овој пат ја заши уште поцврсто. Срцето уште можеби и крвареше, ама што беше битно тоа. Очите како џамлии лажеа машки срца. Имаше нешто во тие очи, нешто од што стануваш зависник. Јасно беше дека за него секогаш ќе останеше негова. И не знам дали сфати дека конечно си ја постигна целта. Ја изгуби онаа која некогаш му ги поклонуваше не само усните, туку и насмевката која беше тука само во негово присуство. Најлоша беше кога го освојуваше, најлуда кога му покажуваше колку го сака, најмила кога не можеше да живее без него. Тој поглед на исплашена срна му го покажуваше целиот свет. Тој поглед во кој ја читаше целата приказна беше оној кој цел живот ќе му излегува пред очи секое утро додека го пие тоа отров горко кафе. Тој поглед кој ќе сака да го удави во секоја чаша црвено вино, да го угуши во секој дим од запалена цигара, да го стопи под прстите како чоколадо и да биде слободен од сеќавањата кој го мачеа. Ама тие очи имаа нешто во нив. Тие очи го носеа него и неговата приказна. И беше јасно. Таква љубовна приказна не можат да носат оние очи кои не пролеале ниту една солза. А овие пролеале премногу солзи. Солзи кои нему му ставија окови, а неа и дадоа крилја. И испишаа приказни, приказни… Мал милион приказни кои беа клучот, доказот за тие окови никогаш да не го напуштат тоа срце.“

– Јаневска Марија, 2013
http://www.youtube.com/watch?v=t4ynAC76_KI

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: