8 Коментари

Колумна: „Мажествен изглед, а пички во душа“

Image
„И така периодов милион прашања ми летаат во глава. Не знам дали се фрустрации или само сум хронично ненаспана и душава ми сака да станам едно сабајле и да знам дека цел ден ништо немам договорено и немам никакви обврски. Од толку напнат живот, распоред, стресот си го прави своето. Љубов да не речам аш нема, симпатија такоџе. Тежок човек за заљубување сум била, а све мислев само јас сум летала ко зелена кокошка у себе, дур глумев на времето дека не ми фали дотичниот. Си викав „Е мори, цел живот дете ќе си останеш! Сериозен дечко нема да можеш да фатиш со вакво понашање! Ај иди таму пишуј ај! Помалце мисли, поише работи, бар продуктивна да бидеш!“. И така функционирало совршено. Амбиција невидена, мајка ми често ми викаше „Не летај толку“ , ама кога ќе види дека сум успеала, нареден пат ќе го гризне јазикот и ќе подразмисли дали да каже да не ме зарече.
И кога се` у животов ми се рушело, кога сум била разочарана од се` и сите, таа сила да не го покажам тоа и да гурам не напред, туку нагоре да прескокнувам скали без да се вртам назад, ми ја даваше пишувањето. Пишувањето е нешто кое ми остана од секое лошо искуство. Лошо ќе речам, значи не добро, зошто после кога веќе го знаеш лошото, доброто многу лесно ти легнува на лист хартија. Да бил друг до сега во Бардовци би завршил со вакво темпо веројатно, јас реков ќе ја изгурам годинава, кога ќе заврши ќе ја ставам првата тетоважа. Секогаш кога ќе ја видам да ми текнува дека ништо не може да ме разочара, дека најтешката година во мојот живот продуктивно сум ја изгурала и дека „тоа што нема да ме убие, ќе ме направи посилна“. 
До сега на првата непреспиена ноќ, друг ќе спиеше цел следен ден. Јас ќе седнам и ќе ги пишувам последните страници од романот, за побрзо да излезе во јавност. Кога ќе види 300 хемиски формули и 300 имиња како „бисбензилтетрахидроизохинолински алкалоид“ кој треба да ги научи за три дена, друг ќе се отпише од Фармација и со задоволство ќе го запали индексот. Јас за инат ќе правам флешкардс цела вечер. Системов на фармација ни вика или откажи се или стани бубалица и пушти корења над книга, здебели се и никогаш немој дечко да фатиш. Е нема бе. Јас за инат четири дена од книга не станав, вчера бев на ревија на модниов викенд, после тоа на пијачка и цела вечер не спиев за сабајле да полагам у 10 и пол. Абе за инат. За инат и ќе излагам и ќе ги положам сите испити и нема да станам 100 кила од јадење чоколади и пиење кока кола и кафиња навечер дур спремам испити. За све ќе најдам време. 
Е за све ќе најдам време, ама инспирација со ваков распоред не наоѓам, а уште помалку наоѓам време да забележам ситници. А јас живеам од ситници. Ситниците срцево ми го хранат, кај можам јас без нив. Не наоѓам време да забележам ситници, да забележам луѓе, да забележам дечко, значи аман да забележам некој, да ми прирасне во мозоков, да ми биде мистериозно интелигентен, амбициозен, некој да може да ме сврти со интелигентен муабет, а не со изглед, некој да ме заинтригира, да може да се носи со мене у животов, аман сакам да се заљубам. Ама ништо, ко празен бостан, ништо. Нит емоција, нит бутур. И гледам не било до мене. Само да се гледало кај да се чекираат, кој ги видел, со кого ги видел, каква кола возеле, па клучевите низ рака да ги вртат. Аман до толку ли целово Скопје од комплекси пати? 
Кај се вистинските мажи бе? Каде? Ми се повраќа од плитки машки, ми се повраќа од мажествен изглед, а пички во душа. Дајте бре покажете што е маж, што е амбиција, што е столб, дајте покажете дека знаете како да освоите жена, без притоа да внимавате да не ви се исфлека белото кошулче и патиките Ла Коста. Аман!“

– Јаневска Марија, 2013
http://www.youtube.com/watch?v=sft8PpU6xWg

8 comments on “Колумна: „Мажествен изглед, а пички во душа“

  1. Добра статија во секој случај. Иначе секој шо носи Лакоста и вози БМВ немора да значи дека е плиток, сепак реткост. Јас искрено не сум од таквите, за да имам причина да ги бранам, али сепак најчесто сум реалист. Од друга страна, како машко ме нервират мажи кои самите си дозволват да ја изгубат машкоста, бидејќи креват 2 тегој во теретана и по една недела ги вадат цицките, во тесни маици, носат стреч пантолона и бродарки. Ланец, кој доколку би се мерел со умот, се обратно-пропорционални. Често се прашвам дали јас сум демоде? И шо е најјако, по такви мажи трчат жените .. :S Во ред е да имаш добро тело, ама не да се носиш стреч. Поздрав🙂

    • Не суди за книгата по корицата. Секој има право на свој стил, нема ништо лошо во носење стреч, ниту какви и да се ланци и срања. Се зависи од тоа како ги носиш тие ствари. Еве ја на пример, неам којзнае какво тело, мускули доволно колку да можам да се движам, стомачни, има некаде под стомаков, ама сакам да носам стреч, удобно е. Не менува тоа многу, се додека го носиш ко шо треба.

  2. lele jaka ej !! bravo. dobra konstatacija (gore-dole)

  3. Tebe devojce ti se povraka od pogresna rabota!!! Razmisli malce okolu faktot sto pola Skopje stanaa sponzorusi do max (vise ni nie nezname koj e a koj ne e)…jbg ne bilo stalno taka ili pa bevme mladi pa ne se primetuvase do tolku😉 Ali u sekoj slucaj treba muda da se ima, da se prepustis na emociite i muabetceto ke si veze…

    Love, Peace & Happiness

  4. Taman koga pustiv mev i koga pocnav da vozam kanta, site go storija obratnoto. Ebate hipsterot ebate😦 Te razbiram potpolno, samo frustraciive iskoristi gi za nesto pokreativno, seljacite ke si ostanat seljaci, a cisto se somnevam deka i nekoj od niv ke go procita i protolkuva tekstov. No bitno ti da si kazes, ako.
    Sekoe dobro!

  5. Статијата можи е добра, ама 99% од женските трчаат по МАЖИЊА(со различни фризурици долги пеглани или како папагали, со најнова колекција на облека, со BMW и пари и пред се пи*ки во душа , а не по МАЖИ . Вистинските мажи навистина се поретки денес а таканаречените мажиња ги има премногу. Као на никоја девојка не и е битен изглед, пари, кола итн.. а првото на што паѓаат се баш тие работи. Барате маж, па продолжете да го барате во тие ваши мажиња, можеби ке го најдете.

  6. Јас целиов мој живот сум осудуван,и отфрлан од општеството.Сите “мажи“ што се околу мене,ме нарекуваат со секакви имиња и тоа само поради мојот повисок глас,и каков стил музика слушам.А во реалноста,илјадапати помашки реагирам во ситуациите кога тоа се бара од мене, било да одбранам некого,да се одбранам самиот себеси и своите ставови идр. Затоа ве молам,престанете да ги осудувате луѓето според првиот впечаток,еве јас да се наведам за пример,секогаш грешите.Луѓе не сте свесни дека создавате мизантропи од луѓе кои имаат многу голем потенцијал. поздрав

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: