Напишете коментар

Цитати: „IF YOU DON’T KNOW ME BY NOW“ – Јаневска Марија

ImageИ се` уште не ми беше јасно како тогаш можев да си ја направам таа приказна во главата. Веројатно фактот дека премногу беше како бајка, ме натера да сакам длкабоко во себе да верувам дека е вистина. Убаво беше, тогаш. Не знам дали верувањето или љубовта. Ама убаво беше. Знаете, сите ние растеме со една приказна за принцот и принцезата и љубовта која се наоѓа еднаш во животот и крајот на приказната што завршува секогаш со „си живееја среќно до крајот на животот“. И сите некако потсвесно од мали го бараме тоа „once in a lifetime“, а честите разочарување не убедуваат да стануваме се по свесни дека можеби таа бајка не постои и некогаш избираме стагнирање и неверување. Епа добро, признавам, моја грешка, тогаш мислев дека нашата љубов е бајка, љубов што се случува еднаш во животот, хемија, физика, се` во едно. И не, никогаш на светов немаше да дозволам таа приказна да се расипе. Се борев како мачка со канџи до последно, преминував преку се`, ама сето тоа било грешка веројатно. Илузија која сум си ја измислила у глава. Принцот од приказната бил некој што јас сум си го замислила, тешкото беше моментот кога сфатив дека тој не е тој кој јас мислев дека го познавам. Добро ми стави до знаење. И добро, олеснувањето беше моментот кога престанав да си се лутам сама на себе и кога го прифатив таков како што е. Тешкото беше кога со сета сила ја држев таа приказна во мене и не ја пуштав. Со сите сили ја држев, не сакав да си дозволам да го разочарам тоа детското во мене. И веројатно моментот на олеснување беше тогаш кога таа бајка ја пуштив да си оди. И си дозволив да пораснам некои десетина години. Ама не да пораснам на оној лош начин и да стагнирам, туку на еден позитивен начин каде научив да ги ценам работите многу повеќе од порано. И да се борам за вистинксата бајка која можеби, само можеби, некогаш ќе дојде. И знам дека после таа приказна, приказната која сега остана меѓу нас, односот, сето тоа има збунет преплет на настаните, ликовите не се познаваат доволно, се мешаат двете приказни, минатото и сегашноста, тој е збунет, јас сум збунета. Убавото е да си ги расчистиш работите сам со себе, јас се надевам дека ги расчистив. Тој мисли дека сум сменета, или дека сум иста, онаа што веруваше во бајката. Или, не знам. Веројатно ќе помисли дека сум сменета тогаш кога ќе помисли дека нашата приказна завршила тогаш кога сум престанала да верувам. И не знам дали заврши, не знам дали е така, не знам дали стравот од разочарувањето е тој кој ја расцепка приказната и во моите и во неговите очи, не знам. Најважното е дека не знам зошто некогаш верував во таа приказна и зошто давав се` од себе. И како можев да гледам едно, ако сето тоа не било реално. Поентата е дека за бајките никогаш не можеш да бидеш сигурен, никогаш не играш на сигурна карта. Бајката ја добива само оној кој ризикува. Ризикуваш и добиваш или цел живот стагнираш. Бајка или празни страници. Хемија или физика. Адреналин или норетиндрон. „Ние“ или „јас и ти.“…
Ама ако ништо друго, едно за себе знам. Јас не можам да живеам со „или“. Јас живеам за физиката која совршено се вклопува со хемијата со часови, живеам за моментите кога после тие 6 часа се држите за рака, живеам за моментите кога те покрива со неговата јакна за да не ти е ладно, живеам за виното и смеењето, за чоколадото и за погледот од кои ти застанува срцето таму некаде високо над градот, живеам за моментите кога потпрени еден на друг доволно ни е само да ќутиме и да не правиме ништо, зошто и дишењето е доволно, и тропањето на срцето кое толку гласно се чини тогаш е доволно, тишината меѓу нас која е најНЕдосадното нешто на светов, сето тоа е доволно. Живеам за моментите како тие, живеам за моментите од кои срцето ми застанува, ме полазуваат морници од страв дека можеби тоа убаво не е реално, ама го сакам тој страв без разилка на се`. Пак и пак. Живеам за тој страв. Стравот е присутен за да не потсети дека некогаш можеш да изгубиш нешто. Тој страв ни кажува дека она што го имаме вреди. Вреди повеќе од се` на светов.
И да јас го сакам тој страв. Јас живеам за тој страв. Јас СУМ тој страв, кој никогаш нема да се откаже од потрагата…

– Јаневска Марија, 2013
http://www.youtube.com/watch?v=nbaSh8i5eyE

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: