Напишете коментар

Цитати: „Со љубов за баба“ – Јаневска Марија

ImageИ кога беше најтемно, таа ми беше светлина. И кога се давев, таа ми беше гранка за која секогаш ќе посегнам. 
И кога горев од жед, таа ми беше водата која ќе ја изгаси.
Таа ми е и ѕвезда и сонце и месечина. Таа ме научи како се живее во полна пареа. 

И ми рече да и ветам, дека ќе ја направам горда, дека ќе дотуркам далеку. Ми рече:
„Биди секогаш паметна и внимателно одбирај. Користи ги и паметот и убавината што Господ ти ги дал, затоа што животот е тунел, лавиринт. Има многу скали и многу врати за кои ти треба клуч. Убавината ти е само клучот, не се наслонувај никогаш само на неа, паметот ќе ти каже како да го поминеш лавиринтот, затоа учи, биди паметна, искрена и никогаш не се предавај, затоа што она што ќе ти даде сила за да ги поминеш сите скали и сите дупки е овде во тебе. Љубовта.“ 

И затоа ти ветувам. Ти ветувам дека ќе ти останам твоја ѕвезда, ќе ти останам твое сонце и ќе ти останам твојот ангел со „сините очиња на баба“, кој секогаш ќе те прави горда. Затоа што ти ме научи, она што нема да ме убие, ќе ме направи посилна.

Почивај во мир. Секогаш ќе те сакам, секогаш.

– Јаневска Марија, 2013

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: