1 Коментар

Цитати: „Искалкулирани умови“ – Јаневска Марија

Image„Понекогаш на моменти подзастануваше помислувајќи на неа, ама пак. Пак и пак, продолжуваше кон врвот без да се сврти. Не знам дали стравот од помислата дека сите пријателства и сите лица околу него се лажни му го ладеше срцето толку многу што гледаше само еден излез, само една насока – кариерата и кариерата. Или пак, така беше воспитан, така беше израснат од дома можеби. Бројката на легнати девојки не му беше основата на титулата. Високите препораки од неговите професори дури и по дипломирањето, потеклото, недостижноста и парите беа тие кои му го полнеа пехарот до врвот. Поразите елегантно ги анулираше од мислите и повторно секое утро почнуваше од ново. По некое кафе, некое сончево саботно утро во Кала или Броз, каде сите можеа да го видат. Темните очила му беа главен симбол. Не само симбол туку алудираа на длабочината на неговиот карактер. Беше дечко кој прерано беше пораснал и созреал за негови години. Знаев дека мора да има некаква мрачна заднина оваа приказна, затоа што беше премногу сериозен кон својата работа и не верувам дека некој во градов знаеше за некоја негова врска. Никогаш не се знаеше со која девојка е или со која се забавува во моментот. Никогаш не зборуваше за неговите љубовни врски со девојките. А сепак, таа му стоеше некаде во некоја прелетана мисла и никој не знаеше за тоа. Навистина беше чуден карактер. Не знам дали мистичен е правиот збор. Имаше тесен круг на пријатели и настојуваше тоа да остане така. Не сакаше да шири познанства и да покажува емоции или било какви реакции во јавност. Не можам да кажам дека повлечен е збор кој го опишува затоа што сите девојки во градов знаеја кој е и знаеја како блеска каде и да се појави. Ама сепак, никој не знаеше ништо за него, освен основните работи. Овдешниве девојки ги сметаше за плитки, искалкулирани, фуфици без трошка спонтаност. Веројатно никогаш немаше да ја забележи ниту неа, но фактот дека таа беше негова женска верзија толку многу го вознемири што за прв пат реагираше на нечие женско присуство. За прв пат имаше некакви реакции. Девојката беше прав кариерист. Одеше преку се` и сешто градејќи се себе си како личност, но за разлика од него знаеше да биде толку многу прилагодлива и толку многу луѓе ја познаваа. Го чудеше фактот што нејзината убавина која за него значеше скоро секогаш обратно пропорционално со плиток ум, кај неа беше правопропорционално. Од идеалот на комбинацијата слатка, секси и паметна му се вртеше паметот. Од време на време забележував како се засркнуваше со кафето кога ќе ја видеше како излегува од паркираниот автомобил вртејќи ги клучевите во раце, затрепкуваше скривајќи се зад темните наочари кога ќе се насмееше со другарките на соседната маса, срцето му збеснуваше кога случајно ќе се разминеа толк блиску еден до друг во некој бар што мирисот нејзин му остануваше како амајлија, а сепак нешто го држеше назад. И долго време ги набљудував ама како да беа на стенд бај. Хемијата вриеше, ама тие не одеа ни напред, ни назад. И не знам дали можеби ова нивното ќе успееше барем еден од нив да беше поинаков или ист. Не знам дали комбинацијата на исти карактери никогаш не им дозволуваше да си ја погазат гордоста и први да го превземат првиот чекор или пак беше совршена за една приказна на совршено исконтролирани умови. И поминуваше време, болната желба за контрола создаде една монотона приказна. На крајот сфатив – тажното беше што нивните ликови колку и да беа симболични во градов и колку и да ширеа позитивна енергија, одвнатре беа хронично меланхолични и никој не успеваше да го ископа тоа под нивната совршена површина.
Ете, знаев дека има некаква мрачна заднина во оваа приказна.“

– Јаневска Марија, 2013

One comment on “Цитати: „Искалкулирани умови“ – Јаневска Марија

  1. Јас тврдам дека непостојат искалкулирани или пак исконтролирани умови.. нешто лебди овде во приказнава🙂

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: