Напишете коментар

Цитати: „Три точки“ – Јаневска Марија

Image„Беше сосема јасно, кога секој пат ќе почувствував носталгија по тагата која живееше во мене, седнував пред лаптопот и полека ги движев прстите по ритамот кој го чувствував во себе. Пишував за нас. Една иста приказна без крај. Најчесто приказните имаат различен интензитет, огромен пресврт пред крајот. Или се среќни, но завршуваат тажно, или се тажни, но завршуваат среќно. Се става точка онаму каде што тагата им го крши срцето или точка онаму каде што пишува „И си живееја среќно до крајот на животот“. Поентата во нашата приказна беше што нашава немаше крај. Живеевме со запирки и три точки. Вистинските приказни имаат малку запирки, малку точки, малку солзи и насмевки и малку воздишки. Ама нашава не е приказна. Нашава е љубов без крај. Лавиринт окончан во пеколен круг по кој копнееме. Колку повеќе запирки, толку побрзо срцето тропа. Постојано случајни средби по кафичи, ресторани, паркинзи, а ни трага од заборавот. Се додека не дојдат три точки – период на инкубација, колку да не биде фатално дејството на тие случајни средби, случајни запирки. А потоа повторно погледите ќе ни застанат за миг, колку да се потсетиме на искрата која ни блешти секој пат кога ќе се потсетиме што е тоа што се трудиме да го збутаме некаде длабоко во нас. Ама баш тогаш болката не издава. И кога ќе ме праша „Како си? Што има ново?“ во себе си велам „А што ме прашуваш како сум…“, ама и јас за да ги пополнам празнините велам „Добро, а ти?“. И така глумиме некоја фиктивна приказна со која ги замачкуваме симптомите. Некој смешен фазон. И постојано се прашувам како може таа љубов да е толку силна и толку жива, а да не ни даде сила да создадеме среќа. Како да сме заглавени во минатото и таму стоиме на еден пиедестал. За цел живот да ги помниме тие спомени, цел живот живот да сме блиску, а сепак толку далеку. А верувајте, ваквата љубов не е за восхит. Ваквата љубов е убава за читање, убава да биде преточена во роман, убава за солзи, ама не и за да биде врежана во едно срце. Едно срце не живее од три точки, едно срце живее од една точка после среќниот крај. Ама веќе не сум ни тажна, ни лута. Не го колнам, нити врескам во бес. Се научив да ја затапкувам тагата, да ги истерувам солзите. Да ги ставам тие запирки и тие три точки и да пишувам за нас…“

– Јаневска Марија, 2013
http://www.youtube.com/watch?v=QW1fgHmjWOA

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: