Напишете коментар

Цитати: „Ние и нашава небиднина“ – Јаневска Марија

Image

„Не знам шо да речам више, од кај да почнам, нит како да ја завршам приказнава. Има ли крај, бре? Аман! Вечерва ко да барав начин, како да ја натерам бар малце да биде онаа старана, онаа малана што ме слушаше и само трепкаше гледајќи у мене со очињана. Па ја терав да се напие некоја чашка вино со мене. Ај една шмизло, ај уште една. Да наздравиме де. За ова, за она, куп глупости барав. Смешки. Демек ко тогаш си викав, пак да и удри виното у глаа така лесно, па да можам да ја повлечам некако, да ја гушнам, демек случајно. Дали на идење, дали на враќање. Да ја осетам уше еднаш. Да ја начекам на неспремно. Да ја бацам. Да не може да ми изглуми. Виното да ја направи слаба. Да не може НЕ да ми рече, ко тогаш, кога беше моја. Ама ништо не остана од планов. Загреан дојдов, ладен ме испрати накај дома. Ми ја даде раката така млитаво као „мило ми беше“, после некоја наместена насмевка ко за пред апарат и излезе од кола. И останав така. Ко што викаше баба ми на времето – речено, не доречено. Така ми е. Маж без храброст, ќе си седи сам со скрстени раце. Ебати мажот. И ќе ја гледам како друг ми ја држи за рака пред мене и и` симиња ѕвезди. Нема да речам глуп сум, ама за да ја имаш принцезана треба гз да имаш мајко му. А јас мангуп ќе и` глумам, демек „ не си ти за мене, мала си. Немаме иднина ја и ти“. И ете ја таа неиднина наша. Времето си лета, а ја углавен меѓу неа и нас. Повеќе неа ја има одошто јас. И` викав нема иднина, нема и она си ја најде својана иднина. А ја си останав у нашава. Си дремам. И не знам сеа до кај ќе иде ова. Последнион пат кога се видовме, мртва ладна. Можда и разочарана. На секој збор, ко спремна да беше. Шо и да и кажев ко да знаеше. И ја снема. Две недели. Сабајлето и ја видов колата, па се врткав цело сабајле, наваму натаму. Ама пак кренав телефон. Гласот да и го чуев, демек на шала, за некое кафе. Наместо кафе, на вино ја однесов. Ама и виното ми се скисели. Џабе. 
И сега цигара за цигара, еве, цела вечер. Се отрув. А шо да мислам. Ништо не ми текнува. Кај да ја сместам сеа? Жити господ, кај да ја мавнам сега? Да речам сум ја сакал? Да речам сум ја легнал еднаш и толку било? У кое минато да ја збутурисам жити се? Да ја пишам на некој лист мој, сум ја сакал, мала била, кратко – слатко, толку. И да ја спакувам у некоја од книгине у канцеларија. Да речам не ме тангира нишо за неа. Ни кај била, ни со кој била…
Ама не може. Нигде не припаѓа. Ми стои тука заглавена. Секој божји ден. А ја споманат, мене ушиве волкави. Ми остана заглавена во мојава небиднина. Се закочи копчето за пауза и нема ни напред ни назад. 
Ние и нашава небиднина. Тоа сме јас, виното и по некоја цигара. Неа веќе ја нема.„

– Јаневска Марија, 2013
http://www.youtube.com/watch?v=NWdrO4BoCu8

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: