Напишете коментар

Цитати: „Некои спомени се создадени да траат“ – Јаневска Марија

Image„Кога после толку време го погледнав ладно во очи, некаде во зениците кои потсвесно ме избегнуваа од видикот повторно ја видов онаа искра радост што ни ја запиша еднаш нашата приказна. Една приказна полна со мили моменти, заносно смешни мигови на кои секогаш ќе се сеќаваме со солзи од смеа, многу љубов и страст која во секој момент ќе експлодира и две дланки кои не сакаа да се одделат. Тоа беше една приказна каде тој беше мојот вечен оклоп од светот. Додека разговаравме непосредно постојано трепкаше со клепките и го тргаше погледот како да сакаше да ми укаже дека доволно е разговор, дека толку може. А јас продолжував, за да се убедам себе си дека сум ги удавила сите чувства од таа љубов и дека тие страници од нашата приказна се само делови од некои стари мемоари кои ги читаат младите девојки. Ама оние струи кои истовремено не влечеа еден кон друг и не одбиваа беа толку силни, што чувствував физичка болка во стомакот и некоја смотана хипотензија, зачудувачки ладно чувство од кое се преплашував. Кога се разделивме, не се плашев од болката која наликуваше на ангина пекторис, ниту од фактот дека плачев за се` и сешто како трудна жена. Се плашев од фатот дека толку многу ќе избледам што никогаш повеќе нема да можам вака да се заљубам. А најмногу ги жалев оние кои при толкава љубов можат да се затворат во себе и да размислуваат со главата. Да се уништуваш одвнатре и да не можеш да си дозволиш да се бориш за оној кој го сакаш. Тоа е жално. Тоа е казна самиот за себе. Тоа не е куршум директно во срцето, туку околу негде каде ќе те остават полека да прокрвариш до смрт. Полека, полека, полека. За да сфатиш дека некои спомени се создадени да траат. Засекогаш.“

– Јаневска Марија, 2013
http://www.youtube.com/watch?v=tM1rSTOs7Zs

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: