2 Коментари

Цитати: „И ќе одмавнам со главата“ – Јаневска Марија

Image„Кога и да видам ѕвезда како паѓа, пак ќе посакам исто. Ама за да не ми се сврти пак истата судбина ќе одмавнам со главата.

И ќе ги скријам тие некои спомени за тебе. Ќе мислам одамна било. Ќе ти речам одамна беше. Па може и ќе се скараме за тоа.

Ама во себе пак ќе замислам како ти лежам во прегратки.
Пак ќе замислам како ја поткревам брадата, го нурнувам носот во твојот врат додека ме успиваш галејќи ме по косата, и вдишувам длабоко. И ми мириса на нас.

И кога утре ќе се раздени, пиејќи го кафето повторно ќе ги доближам прстите до ноздрите, преправајќи се дека мирисаат на тебе од претходната вечер, како што правев тогаш. И ќе се насмевнам. 

Па повторно ќе ги растерам мисливе. Ќе пропешачам малку. На првата бензинска ќе купам едно чоколадо. Чоколадо од малина. И ќе го јадам по пат. Вкусот ќе ме потсеќа на нас. А грбот ќе ми трне на местото на твоите отисоци од минатото.

Кога ќе ми се насмевнеш и крајчињата од очите ќе ти се збрчкаат од сонцето, ќе посакам да ми кажеш дека сакаш да се вратиш назад. Да ми покажеш дека вреди да се обидеме повторно. Ама ќе одмавнам со главата. Повторно и повторно.

Повторно и повторно.

Скршеново срце, зар не ми беше доста? Се` што ми кажа зар малку ми беше? Времето за спомени некогаш треба да заврши. Време е за нова љубовна приказна. Време е да научам да љубам повторно. Ама на првата нова искра, јас ќе замолчам. Ќе се збунам. Ќе се исплашам. За да ја избегнам истата судбина…

И ќе одмавнам со главата.“

– Јаневска Марија, 2013
http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=OpQFFLBMEPI#!

2 comments on “Цитати: „И ќе одмавнам со главата“ – Јаневска Марија

  1. ова е тоа во што се пронаоѓам :)) браво,само така продолжи

  2. Ova e mojot omilen tekst , prekrasni se <333

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: