1 Коментар

Цитати: „За наше добро“ – Јаневска Марија

Image
„И веќе беше јасно. Потешко амин.
Толку беше тешко, што дури и солзите не сакаа да излезат.
Го напушти во моментот кога почувствува дека се заљуби. Тој не беше подготвен, тој не сакаше да се заљуби во неа, знаеше дека нивната приказна нема иднина. А, таа се плашеше од постојаната желба да биде негова, да остане во неговата прегратка и да заспие таму. Да се наслони на неговите гради и да вдиши длабоко сè додека сета не се исполни со неговиот мирис. Тоа ја исполнуваше. Ја правеше да се почувствува дека неговата прегратка е најсигурното место на светот, каде никој не ќе може да ја повреди.
А, тоа толку проклето ја исполнуваше. Тој беше она мало делче по кое таа трагаше. Како она мало скршено парче од нејзиното срце кое не и дозволуваше да се чувствува исполнето. И конечно го најде. Не ѝ беше важно што тој беше ноќ, а таа ден. Тој беше црно, а таа бело. Тој беше сонце, а таа месечина. Тој заоѓаше, а таа се раѓаше полна во една доцна мајска вечер. Неговите патишта веќе беа зацртани кон југ долу, а нејзините беа милиони скалила кон карпестиот север.
И беше болно. Барем за неа. Да му каже дека тоа е тоа. Последниот бакнеж. Последната прегратка каде ќе се почувствува сигурна. И не сакаше да замине. Продолжи напред, но погледот и остана немо зјапајќи во ретровизорот кон него. Тој си заминуваше, а таа остана така. Знаеше дека не е фер да се врати и да се обиде да го запре. Некоја грутка и застана во грлото и почнуваше да ја гуши. Се откажа од она што ја исполнуваше. Се откажа од единственото што можеше да ја повреди. Се откажа од љубовта, затоа што беше свесна дека таа ја прави ранлива. И ги остави само спомените.
Спомените врежани од страста, спомените од една ноќ, спомените оставени длабоко некаде во нивната прегратка и една мала слатка мајска приказна која знаеше дека никогаш, никогаш немаше да ја заборави. Тоа чувство таму некаде, длабоко во неа се раѓаше еднаш. Тој ја правеше зависна, тој ја натера да се заљуби толку брзо, ја натера да поверува во тоа дека љубовта е едиственото нешто што е важно. Тој ја правеше ранлива, тој ја правеше слаба, но и исто така, никогаш немаше да дозволи да биде повредена. Па затоа и мораше да стави крај.
На крајот на краиштата, некои одлуки во животот се направени за да ни го скршат срцето за наше добро…“

– Јаневска Марија, 2012 (постар текст)

One comment on “Цитати: „За наше добро“ – Јаневска Марија

  1. да се откажеш од нешто не значи секогаш дека си слаб понекогаш значи дека си доволно силен да го пуштиш😦

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: