Напишете коментар

Цитати: „Бадник без тебе“ – Јаневска Марија

Image

Се заврте и ги погледна последните жарчиња кои догоруваа. Ветерот уште толку и ги заледи прстите. Ја испушти пластичната чашка, ја погледна месечината и го тргна погледот.Месечината беше преполовена онака како што беше и таа длабоко некаде одамна. Тоа беше ден кога секој сакаше да почувствува топлина. Бадник беше ден на кој сите се надеваа на љубов за Божиќ. Она што се родило, повторно да се прероди. А она што се уништило, повторно да се обнови. Насекаде имаше насмеани лица, насекаде весели честитки, топла ракија и чоколаден локум. Насекаде љубов, блескави очи, прегратки, Димитријо сине Димитријо во позадина и фотографии на кои огнот струи.
Се заврте и си замина. Посакуваше топлина, но топлината за неа не постоеше. Истата онаа топлина која ја чувствуваше еднаш одамна. Еднаш одамна кога среќата и блескаше. Еднаш одамна кога беше подготвена да остави се` за љубовта. Еднаш одамна кога солзите и течеа од среќа. Еднаш одамна кога се будеше со неговиот глас во слушалката од телефонот. Чекорите беа се потешки, но во градите владееше она измешано чувство на олеснување и болка. Олеснување како камен да и беше паднал од срцето затоа што се натера себе си да верува дека ја изгубила љубовта, а болка затоа што сфати дека не можела да изгуби нешто што никогаш немала.
Овој Бадник и донесе една маска која ја носеше цела вечер. Овој Бадник и донесе ледено срце и оган за да ја згрее. Но залудно.
Ја заклучи вратата и го затвори прозорецот. Музиката не и припаѓаше на оваа приказна. Тишината и беше луксуз. Бадник носеше надеж, но неа и донесе само разочарување. Судбината 11 години ја ковала таа средба, ѕвездите 11 години ја пишуваа нивната приказна. Приказна која заврши многу ноќи пред Бадник, но знаете како викаат. Вистинската љубов нема граници. Срцето не знае за доста. Малото дете понекогаш не знае зошто плаче. Сладоледот се топи во лето. А надежта… надежта последна умира.
Се сепна, се стресе на гласниот звук. Ги избриша солзите и посегна по телефонот чиј екран непрестано светкаше. Unknown number calling. Го крена телефонот, притисна на зеленото копче, го доближи до увото и едвај изусти „ало“.

„Среќен Божиќ. Те сакам…“

– Јаневска Марија, 2012
http://www.youtube.com/watch?v=BGXZtMFBgec

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: