Напишете коментар

Цитати: „А за љубовта е потребно храброст…“ – Јаневска Марија

Image
Понекогаш низ животот, сакајќи да направиме нешто добро, грешиме. Некогаш грешиме поради нечија туѓа грешка, некогаш за нечија љубов, а некогаш грешиме од страв. Болката да изневериме нечија доверба е поголема одошто болката да ја изневериме својата доверба. На крајот на краиштата секогаш завршуваме со двете доверби скршени, сронети, кои пропаѓаат во вода. Таквите жртви не успеваат. Љубовта која живее на таква жртва, живее на конци. Прашање на време кога ќе се скинат. Ретки се оние кои опстојуваат, а по опстанокот градат една нераскинлива врска. Таквата љубов, експертите во тоа поле ја дефинираат како вистинска љубов.
Неговата жртва пропадна во вода веројатно уште пред да дојде на ред за дискусија. Беше премногу искусен за да се фрли во канџите на една таква љубов. Да се заљубеше во една таква искрена приказна, значеше љубов, а љубовта за него значеше слабост. Не доаѓаше во обзир. Тој си вети – Никогаш повеќе. Никогаш повеќе нема да се заљубам. – Одигра на таа карта, секс, забава, мала глума. Знаеше да и каже тоа што таа сакаше да слушне. И му веруваше. Секој збор ја тераше да лета. Никогаш не веруваше дека може да постои толку совршена љубов. Тој толку совршено се грижеше за неа. Таа беше неговата малечка. И нејзиниот живот се смени. Нејзиниот живот од еднина, наеднаш стана множина и таа не можеше да диши без тоа „ние“. Препреки, граници, планини, камења, скали, дупки. Се` ќе преминеше за него. Сите жртви што беа потребни. 
И така се одвиваше приказнава по некој чуден механизам. Како добро подмачкана машина. Таа ја водеше искрената игра, а тој некоја си друга, која искуството, глумата и самоконтролата веројатно ја направија совршена за неа. Ама имаше еден проблем. Имаше моменти. Имаше алкохол. Имаше искрени насмевки. Глумата не издржуваше, а тој полека несвесно си го прекршуваше она ветување кое некогаш си го даде себе си. И од игра, нивната приказна стана вистинска љубов која висеше на конци на масата за покер, со премногу заложени жртви, овој пат и од негова страна. Потребен беше еден блеф, еден погрешен потег и кулата од карти се сруши врз нив. Тој се откаже, стана и изглуми крај на приказната. Изглуми дечко кој се забавувал. Алкохол, секс, брзи вожњи. Се сврте и си замина. Нејзината приказна остана недораскажана, а нејзините млади години разочарани. Овој пат таа си вети и се откажа од вистинската љубов. Без да знае, дека за некои вистински љубови, се` што е потребно, се` што недостига, не се жртвите – туку храброста.
Храброста да се откажеш од егоистичното „јас“ за да живееш во светот на „ние“.

– Јаневска Марија, 2013
http://www.youtube.com/watch?v=w6DQavhJUrk

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: