Напишете коментар

Цитати: „Важно е да ја допишеш приказната до крај“ – Јаневска Марија

Image„Чудно е што за љубовта не се важни некои работи кои луѓето ги вреднуваат и ги цитираат. Моралните вредности кои се опишувани меѓу народот уште од дамнини, всушност само змиолико се провриваат низ љубовта која кревко се прикрепува во туѓите срца. Поентата е што дали таа љубов ќе опстои зависи од храброста на оној кој љуби. Најчесто вистинската љубов е болна затоа што дечкото нема храброст да се бори, односно нема храброст да го погази егото и да му покаже на светот дека таа е неговата гравитациона сила од која тој цел живот ќе бара мир. Таа пак сакајќи да покаже дека е силна самостојна жена ќе води инат, и така во круг ќе се вртат погледите и копнежите. За на крај да ги убие љубовта – него неговата гордост, а неа нејзиниот инат.
И чудно е како љубовта се раѓа онаму каде што најмалку очекуваш. Во моментите кога најмалку се надеваш. Нема причини, ама има последици. И еден нестварен круг на искри и воздишки кој всушност е пореален од самите нас.
И не е важно дали ќе бидеш ти тој кој ќе биде повреден или ти тој кој ќе повреди. Важното е дали ќе успееш да ја допишеш приказната на таа љубов до крај или ќе ја завртиш страната, ќе ја скинеш, ќе ја стуткаш и ќе ја фрлиш некаде по подот.“

– Јаневска Марија, 2013
http://www.youtube.com/watch?v=NLAbYWKwrfk

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: