Напишете коментар

Цитати: „Мојата немирна шмизличка“ – П.Димитриевски

Image„Недостига секогаш, дури и сега додека пробувам да ја избегнам во оваа приказна. Но, со што би го пополнил овој бел лист хартија доколку ги немам сеќавањата на неа, доколку не ми ги посветеше нејзините најубави денови токму мене.

И сега е тука. Го чувствувам нејзиното треперење како тогаш во ладните доцни часови. Трепереше, а беше храбра, беше палава, не се даваше лесно на студот само за да не ја покрие својата убава хаљина со мојата груба јакна. Дури и кога ќе ја испратев и прагот ќе ни ги разделеше усните, не ми недостигаше толку колку што ми недостига сега, само затоа што знаев дека ќе врати на мојата порака за добра ноќ. Само затоа што со душа чекав да ја видам следниот ден, а знаев дека ќе ја видам… Знаев дека ќе ме чека и следната вечер така убаво средена, мојата немирна шмизличка, за да и ја отворам вратата од автомобилот и да тргнеме во уште еден опуштен провод.

Се сеќавам на сето тоа многу јасно, многу убаво, но не знам каде да ги сместам тие сеќавања. Не знам дали да те паметам како моја љубов или лошо искуство. Не знам дали тоа бевме ние, опиени од љубов, или од алкохолот кој лесно ти удираше во глава и те полудуваше, а јас те сакав и таква – луда и занесена.

Но, занесот траеше кратко и сега дојде времето во кое треба да завладее заборавот, така ќе биде најдобро и за двајцата, знам јас. Ќе те сместам во минатото, а за да не те заборавам ќе те опишувам во сегашноста се` додека не згаснеш во мене. А кога ти ќе згаснеш, јас ќе го разгорам пламенот со овие листови хартија исполнети со моите мали спомени, за нас и нашето време.“

 

– Пеце Димитриевски, 2013

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: