Напишете коментар

Цитати: „А Скопје е мало…“ – Јаневска Марија

Image

– Не мислев дека толку сум ти згрешил.
– Не си ми згрешил.
– А поминуваш покрај мене ко покрај турски гробишта. Зар ни здраво не сум заслужил?
– Ти што не ми кажа здраво?
– Сакав. Ме одмина. Не ме ни погледна.
– А после тоа што го направи што да мислам? Дека треба и здраво да ти кажам од куртоазија?
– Не беше намерно. Знаеш дека сакам да те гледам, да бидеме пријатели, другари.
– Другари?
– Да, фактот дека не може заедно да бидеме, и причините поради кој не можеме да бидеме заедно се една работа. Секогаш си ми била мила, секогаш кога ќе те видам ќе сакам да знам како си. Ама ако ти не сакаш да бидеме другари, ако сакаш да не се познаваме…
– Чекај, чекај, чекај! Како може да ми бидеш другар, кога не сакаш да се гледаме? Каков е тој другар објасни ми!
– Ете! Пак погрешно си ме разбрала. Не реков дека не сакам да те гледам, ти реков дека ти нема да можеш после се` да ме гледаш како другар, за тебе го направив тоа, ако ми докажеше…
– Да ти докажам? Кој фактор си ми ти во животот да ти докажувам нешто??
– …
– Ало! Свести се! Колку време помина?!
– Не помина многу време…
– Не помина? Што збориш. Со месеци не сме се виделе. Од август не сме заедно! И сега ми се јавуваш зошто не сум ти рекла здраво?!
– Во ред, ако сакаш да се правиме како да не сме се познавале никогаш, да знам. Затоа се јавив…
– Не дека сакам да не се познаваме. Немам ништо против едно здраво да ти кажам, никогаш не сум се карала со тебе, нашето беше друго. Сме се сакале, поминало, крај на приказната.
– Не сме се карале. Крај на приказната.
– Детски работи. Не можам да се замарам сега, било поминало.
– А кој е крив?
– А зар е важно кој е крив?
– Важно е.
– Не е важно повеќе. Веќе немаме никакви контакти, патиштата ни се на различна страна. Имаме нови животи.
– Имаме ли?
– Имаме. Веќе сме други. Јас сум друга, ти си друг. Јас живеам во нова приказна, ти во нова приказна, различни страни, дури можда и различни книги…
– Среќна ли си?
– Ај да не навлегуваме во тие прашања, не вреди.
– Сакам да знам.
– Зошто? Ме сакаш? Ти значам нешто?
– Не.
– Епа што е тогаш? Ова ти е еден од твоите хирови? Да ти се наполни тоа празнината во тебе што ја оставила еднаш таа првата? Да знаеш дека уште патам по тебе како тогаш? Извини ама за жал помина и тоа.
– Не мислев така. Дозволи ми да кажам. Не викај по телефон.
– Не викам. И нема што да ми докажуваш и објаснуваш. Ти твоето го кажа, го покажа и го докажа многу пати. Не те сакам, не сум те сакал и никогаш нема да те сакам. Таа надеж дека ќе почувствувам нешто за тебе ја нема. Ти текнува?
– Го кажав тоа за да се откажеш. Не мислев..
– Не е ни битно. Нашето заврши. Глупави муабети се ова. Ти кажав, тука сум за се` што ти требам, ама за вакви хирови и за да си го исполниш егото не ме барај. Ние не сме пријатели, а со нашата приказна не ни можеме да бидеме.
– Не сме? А што сме?
– Не сме пријатели. Ние сме само странци со убави сеќавања. Почитта ја имаш од моја страна. Бар тоа си заслужил.
– Сум заслужил?
– Да. И тоа е тоа. Не барај друго од мене. А сега затвори ја книгата и крени ја негде на страна. Иста книга нема смисла два пати да ја прелистуваме, а и веќе прашина фатила. Новата корица нема да ја смени содржината, судбината е иста. А сега морам да одам.
– Во ред. Се слушаме некогаш тогаш. До наредното здраво, веројатно. Скопје е мало.
– Да, мало е. До наредното здраво.
– Чао.
– Чао.

– Јаневска Марија, 2012
http://www.youtube.com/watch?v=rPfqi3iLgTU

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: