1 Коментар

Затоа што љубовта им припаѓа на храбрите

Image„И свесна бев дека не бев совршена во очите на многумина, но морници ме полазуваа кога ќе ти го пресретнев погледот. Ме гледаше како да си ја нашол совршената слика што од секогаш си ја барал. Како разочан од сите претходни девојки кои си пробувал да ги засакаш, како трезен да ме тресеше и да ме убедуваше дека сите претходно биле к***и од кои си се срамел, лажни светици чии лица си ги видел предоцна. Зошто ми покажа дека сум ти слабост, а потоа се откажа за да станеш силен, да не и потклекнеш на љубовта? И знам дека сфати дека згреши, затоа што не си совршен човек исто како што не сум ни јас. Не си светец, туку обичен слепец, кој пред очи не виде што имаше. И не можев да те убедам знам. Очите невидливо ти се замаглуваа од лутина кога потклекнуваше на емоциите, кога покажуваше слабост и посакуваше да ме мразиш бар половина од тоа што ме сакаш. Веројатно така сета болка од минатото ќе ја пополнеше со егото дека си ја повредил онаа која те правела слабак, онаа која најмногу си ја сакал. И си и вратил за онаа претходната. И сега знам дека сфати дека помина и знам дека ќе се сеќаваш, затоа што одеше преку себе, одеше преку мене, одеше преку нашето и преку срцето. Одеше преку љубовта, во насока на омразата, затоа што посакуваше да ме мразиш, бар малку од она што ме сакаш и желбата се исполни. Сега имаш цела вечност да мразиш и да ме забораваш. Цела вечност да вртиш глава кога ќе ме видиш, затоа што твојата малечка ќе се заљуби во туѓа прегратка, а твојата преиказна ќе припаѓа на некој друг. Затоа што љубовта им припаѓа на храбрите, а кукавиците ги јадат трошките на омразата.“

– Јаневска Марија, 2012
http://www.youtube.com/watch?v=bu1tbo_Lojg&feature=share

One comment on “Затоа што љубовта им припаѓа на храбрите

  1. BRAVO MARIJA ! GOLEMA VISTINA VO SETO NAPISANO…

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: