Напишете коментар

Зборови

Image

Стоејќи така вкочанета пред црниот екранот на кој буквите избледуваа, солзите кои се разлеваа без ритам по образите, дишењето кое ритмично се забрзуваше и сите движења во околината кои беа занемарени.

Штрак.

Светлото се изгасна. Пред себе го виде својот живот. Пред себе ја виде својата животна сторија. Толку многу работи. Толку многу зборови кои ја преплавуваа, сите оние зборови кои од неа можеа да излезат само на хартија. Камената површина, ладната маска која ја портретираше пред сите, онаа позитивна насмевка која ги држи сите конци заедно, оние плави очи кои секогаш будеа воздишки беа само едни стаклени џамлии кои ги користеше да се сокрие себе си. Прикривка. Покривка. Бункер. Го ископа еднаш неодамна. Го ископа оној миг кога прв пат се заљуби. Оној миг кога срцето и се залета. Оној миг кога паметот и се замати и наеднаш се заљуби и во нечии мани. Навидум сосема лоши избори на младоста. Младост, лудост. Ама се е причинско-последично. Тој и беше еден вид на скривница од вистината. Да. Кога ја пишуваше вистината на парче харија таа повеќе не постоеше. И можеше да се лаже себе си. Слободно да живее во заблуда. Сите зборови ставени на хартија за миг исчезнуваа, хартијата гореше и вистината избледуваше. И така успеваше да живее секогаш насмеана и да турка од ден на ден. Кога вистината ја креираше сама, не мораше да мисли на заднината. Никој не гледа зад камерите. Сите го гледаат филмот, скоцкан, снимен, изрежиран, среден.

Што е она што не прави среќни? Малите работи? Едно чоколадо? Топло турско кафе? Насмевка?  Всушност кај неа не постоеја тие мали работи. Големите работи беа една сурова судбина на која таа не сакаше да потклекне и точка. Во секој момент после секој збор ставен на таа нејзина хартија таа ставаше точка. Сиот тој бес и омраза кон себе си, осудувања кон себе си и навредливи зборови кон својата љубов, нискиот критериум на избори, грешките во љубовта, семејните болки, работните обврски кои не успеваше да ги сработи совршено, навремено, она стандардно доцнење за кое стално си набиваше комплекси на неодговорност и бесмисленост, се` она што ја тераше да се распадне од внатре беше она што ја правеше посилна кога целиот свој живот ќе го врамеше во една туѓа приказна на едно парче хартија и ќе украде еден квант енергија, еден квант насмевка и еден квант надеж.

И беше изгубена. Патека не постоеше. Стапалките кои остануваа зад неа кога чекореше исчезнуваа. Не знаеше од каде тргнала, ниту каде оди, зошто живее или зошто се заљубила, ако сето тоа немало смисла. И ако немало смисла тогаш зошто постојат овие зборови, тогаш зошто постојат луѓето еден за друг и зошто судбината смешно ги спојува, а потоа ги раздвојува? Зошто на едни им шкртнала достоинствен крај, а на други само болка?

И на крајот од денот причината молчеше. Зборовите не постоеја, мислите беа заглавени, судбината ја криеше причината и повторно правеше сплетки, а времето течеше. Судбината постојано ја тераше да се соочува очи во очи со болката и со љубовта и носеше само зборови, зборови, зборови. Мастилото не секнуваше, а оставаше тешки дамки на црвените нокти. А љубовта колку и да сакаше не избледнуваше. Мислите не секнуваа, а солзите пресушија.

Но, тишината знаеше – Тоа што нема да ја убие,  ќе ја направи посилна.

– Јаневска Марија, 2012

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: