1 Коментар

Апокалипсата на едно срце

Image

Тоа беше многу чуден ден. Наплив на нервози уште по рано насабајле. Ја видов мајка ми нервозна и нерасположена Татко ми се обидуваше да биде столб и да не држи сите заедно и одговорно замина на работа. Брат ми го фати последниот автобус и летна накај школо.
Беше 7 часот и неколку минути и од толкава бука ука наеднаш во куќата завладеа штама. Се` уште нерасонета го пуштив калориферот и се довлечкав во кујната со чашата врело кафе кое ми ги гореше прстите. Се наслонив на кујнскиот елемент и го задржав здивот за момент. Сакав сите емоции да ги заглавам во тој момент и ништо да не постои. Од прозорот во кујна небото изгледаше сиво и млитаво, а одредени пеколни зраци се пробиваа бесно колку да му помогнат на сонцето да изгрее. Како да беше настаната апокалипсата, а јас чувствував некоја одвратна мачнина во стомакот, чувство на гадење, повраќање и се обидував ладната тишина да ја поистоветувам со рамнодушност. Полагав за половина час, а мене градите едвај ми се поместуваа при дишење.

Млитаво се облеков, извозев низ гужвата и стигнав на полагање. И кафето попладнето беше тмурно, ладно и без вкус, но имаше… имаше нешто во овој ден. Некое важно делче фалеше за да се склопи слагалката. Се` додека не заѕвони телефонот.

И го слушнав оној глас од кој ми надоаѓаа трпки по телото, Оној глас кој некогаш ми беше се` и ја осетив болката во него. Одоколу повторувачки секвенци на заобиколено извинување и глас полн со гордост, но и покајување. Но не. Можеше и да умре, во земја да се закопа и од се` да се откаже, но не и да признае дека греши. Се` обиде безполезно како гмизавец да се извлече од кашата ползејќи толку ниско, но само уште подлабоко западна и надвладеа крај.

Апокалипсата на едно срце кое од инат ја изгуби љубовта на својот живот и сега цел живот ќе талка по градов и без пари ќе го арчи воздухот за џабе. Или ќе живее со мечките на север и ќе пуши цигари негде сам. Секоја вечер ќе се задоволува со телото на некоја девојка, а потоа ќе стане изутрина и немо ќе ја запали колата и повторно ќе почне уште еден работен ден. Попладневно кафе во Чао или Чао во сабота навечер. Неколку испушени празни кутии цигари под предното седиште во кола и премрзнати раце во џебовите на една иста јакна. Недела насабајле уште некое рандом кафе и повторно е понеделник.

А кругот се врти. Тој стана дрвена кукла која времето полека ќе ја изаби. Кукла чии конци одамна се скинале од патот и кукла која ги брои годините, само ги брои и се распаѓа. Нема сонце, нема воздишки, нема срце. Нема љубов, само едно турско кафе, чоколадо од малина и кутија цигари.

 

– Јаневска Марија, 2012

One comment on “Апокалипсата на едно срце

  1. Нема сонце, нема воздишки, нема срце. Нема љубов, само едно турско кафе, чоколадо од малина и кутија цигари….

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: