5 Коментари

Совршени странци

Image

„И не помина кој знае колку време, но со секој ден, сонцето повеќе не беше присутно во изгрејсонцето. Маглата го загушуваше, топлината полека ја снемуваше, а јас својот живот се помалку го препознавав. Како да не знаев каде се наоѓам, не знаев како да живеам. Есента поминуваше, летото одамна беше поминато, а јас и он бевме како совршени странци. И не, не бевме пријатели после сето она што помина. Можеби најболно ќе беше да се трудевме да бидеме пријатели и да останевме во контакт. Добро е што бар тоа го решивме кога си завртивме грб. Како од затвор пуштени, како куче од ланец избегавме еден од друг криејќи се. Сега ние сме странци, за кои ветерот дува во спротивна насока. Ние не сме стари пријатели и покрај сето време поминато заедно. Ние сме само странци, со убави сеќавања. Толку е. Дури и тоа е многу.

А јас се` уште се лажев себе си дека се` е во ред. А не требаше. Наеднаш не се препознававме, а некогаш си бевме се` еден на друг. Некогаш неговата насмевка ми го разубавуваше денот, некогаш јас бев првото што сакаше да го види кога ќе се разбуди. А сега, вртиме глава секогаш кога ќе се видиме. Чувствуваме бес и инат, револт кон животот. Се мразиме. Стануваме од кафичот и заминуваме веднаш, доколку се сретнеме, се разминуваме што побргу низ маркет, на паркинг, на улица… И нема ни трага ни глас од старата јас и стариот он. Како длабоко во себе да закопавме се`. А зар е можно да сме толку ладни, а се` уште толку да боли и во заблуда да продолжуваме да живеаме понатаму како да сме други, во една поинаква приказна, каде тој не постои, а јас не знам дека делиме исто сонце и иста месечина. 
И повторно денот заоѓа. Повторно вртам глава на сеќавањата, се обидувам да ги забуткам некаде меѓу некои заборавени спомени и сфаќам – Оние кој најмногу љубеле, доживуваат најладен крај.“
 
– Јаневска Марија, 2012
http://www.youtube.com/watch?v=udfLBpukRow

5 comments on “Совршени странци

  1. Неверојатно убаво.. продолжи со текстовите..најдобра си!

  2. Секоја чест најдобра си … така продолжи!

  3. има ли некако да ти пратам приватна порака во врска со текстовите ?🙂

  4. Се наежив…Едноставно најдобра!!! Продолжи да пишуваш❤

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: