Напишете коментар

Цитати: „Кафе или мафе…“ – Јаневска Марија

Image„И не дека нешто беше најзаљубена во него или дека вени сечеше ако заминеше. Чудно беше, ама убаво. Убаво беше да јадеш чоколадо со изладено кафе поспан. Убаво беше да доручкуваш на метална кула за надглед во 9 сабајле. Убаво беше да стоиш на сред булевар во 2 навечер и да ги гледаш дрворедите. Убаво беше да заспиеш преморена и да ти е убаво што не си сама. Убаво беше и да се расонуваш гушкајќи се, или да се караш кој кого да гушне со две нозе. И убаво беше, ама сепак чудно. Ама просто беше едноставно. Со него љубовта беше едноставна. Да сакаш беше едноставно како дишењето. Едноставно беше и да кажеш „Дојди гушни ме“ или „Сакам да сум гален“. Се` беше толку едноставно да посакаш засекогаш да трае, освен тогаш кога цел свет ќе се сврти од нигде никаде и ноќта ќе стане ден, а денот ноќ. Таа негативност се ширеше до непрепознатливост. Те тера да сфатиш дека не е толку едноставно и дека не поистои едноставна љубов. И те тера да се откажеш. А потоа пак надоаѓа трансформациска плима и осека и коцките повторно се на место. И се` е едноставно. Дури и едно кафе. А за здраво срце пожелно е и малку љубов во кафето. Ама побитни се и дозите. Прескокнувањето е убиствена работа, те тера да функционираш како зависник. Затоа и понекогаш се мислиш дали да пиеш кафе без шеќер и без љубов. Кафе или мафе, кафе или мафе, кафе или мафе…“

– Јаневска Марија, 2012
http://www.youtube.com/watch?v=i9G6oFIRveg

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: