6 Коментари

Цитати: „И после толку време вчера ја видов“ – Јаневска Марија

Image

„И после толку време вчера ја видов.“ – рече и повлече уште еден дим длабоко во градите, луто го задржа, а потоа уште побесно во неверување го испушти. – „Не ми се верува. Не беше повеќе иста. Како да гледав друга пред мене. Сосема друга. Како да ги гледав своите постапки во неа. Цел одраз. Одраз кој ми врескаше како е да се осеќаш ко глупак. Во неа го видов се` она што и го правев, се ` она што понекогаш свесно и го правев за да си го исполнам егото, од страв дека никогаш нема да биде моја. А беше моја, ама тогаш не го гледав тоа.“ – ја крена нагло шолјата, се загледа во неа, како таа да му беше крива, како да сакаше во стисок да ја срони. Ја гледаше, ја гледаше и нагло ја подигна, ја испи до дното од инат додека горчината му ги разоруваше сите мисли. – „И знам дека луѓе грешат, ама јас ја претерав работата. За мене одеше од крајност у крајност ама престана. Никој вечно нема да изиграва глупак за нешто што не вреди. Ќе ја навредев, ќе ја отерав кај што не заслужуваше, ќе се налутеше, а за две минути во солзи повторно ќе ме гушнеше. Абе по мило суштество амин. Толку детски покажуваше дека ме сака што просто егото ми пукаше. Фраер бев. Жити фраерот, брат!“ – лупна на масата со скупчена тупаница додека бесот му се гледаше во белките кои полека луто поцрвенуваа, а коските на дланката од преголем стисок беа толку испакнати мислиш ќе излезеа. – „Ама филмот се сврти. Ете ја сега! Дојде некој што знае да ја цени. Јас ја научив од што треба да бега, а некој друг ја направи среќна. Јас само солзи знаев да видам во неа. Ваљда и не бев способен, јак мангуп на зборови! И сега цел живот ќе ја гледам и ќе вртам глава. Цел живот ќе го барам нејзиниот поглед во секоја. Цел живот ќе ја барам во друга. Ама ако ми е. Ја имав среќата во раце, а свесно ја дадов на друг, мислејќи дека цел живот ќе ми се враќа. И сфатив, среќата доаѓа само еднаш во живот…“

– Јаневска Марија, 2012 
http://www.youtube.com/watch?v=xkbxjHWC-VU&feature=related

6 comments on “Цитати: „И после толку време вчера ја видов“ – Јаневска Марија

  1. каењето ништо не постигнува. но супер приказна

  2. preubavo…..kako za mene napisano…..sekoja cest….

  3. i ja ostavi na drugiot….. trcaj tamu budalo i bori se!se e dozvoleno vo ljubovta i vojnata!!! uste da bese realna situacijava🙂

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: