1 Коментар

Цитати: „Зошто не ми кажа?“ – Јаневска Марија

Image

И како цел свет да се сврти, како цела приказна од почеток да почнав да ја читам, пак бевме истите ние, јас и он. Само разликата беше во тоа што беше ноември, а не август. Разликата беше што се се случуваше година дена подоцна. Разликата беше во тоа што јас ги затрупав емоциите некаде длабоко во мене и давав отпор на секое ново чувство кое ми го иницираше вечерта. Ме праша зошто не сум му кажала на време дека го сакам. „Зошто не ми кажа?“ – ми рече. – „Зошто?“

„Се обидов. Пробав, ама не можев да стигнам до тебе.“ – а излажав. Како да му кажев дека, се плашев да му кажам колку го сакам затоа што се плашев дека после тоа „Те сакам“ немаше да има „И јас тебе.“ Како да му кажев дека вака барем имав некоја своја приказна во својата глава за тоа колку ме сакал. И океј ми беше така. Јас и он во мојата глава си живеевме во еден посебен свет, тоа беше една посебна приказна и мене ми беше доволно. Иако не беше мој, иако беше само нејзин.

„Да ме сакаше немаше да бидеш волку ладна.“ – уште некое осудување излезе од него. А се` толку цврсто заклучено го чував во мене. И потоа си замина. Толку беше од нашата средба. Кратко, а сепак доволно за се` да се врати. А јас конечно можав да престанам да глумам ладна. Конечно можев да покажам како ми беше во негова близина и како сите слики ми се вратија како флешови. Како да не поминало година дена, како да било вчера. И повторно оние струи во стомакот и една реченица.

„Вечерва, никогаш нема да ја заборавам.“

– Јаневска Марија, 2012

One comment on “Цитати: „Зошто не ми кажа?“ – Јаневска Марија

  1. Много вярно мислене, но не в наше време! Ако не е така, може би съм се родила не когато трябва и в неподходящ момент. И как да не. Убездена съм, че е така! Кажи му истината и си умряла за него, защото сигурно очаква да кажеш нещо друго!!!! Сигурно не говорим на един и същ език и в неподходящо време за него!!!! Така че гледай от страни и мисли….. за какво ……?

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: