Напишете коментар

Цитати: „Кога ми недостига“ – Јаневска Марија

Image

„Не ми недостига затоа што не е повеќе до мене, како да ви кажам. Не ми недостига што повеќе не ѕвони телефонот, ниту што не доаѓа да ме земе од пред врата. Не ми недостига ни тоа што повеќе нема никогаш да ги слушнам неговите цинични шали. Не ми недостига ни неговиот поглед кој секогаш толку посесивно и толку среќно не се поместуваше од моето лице.

Ми недостига во оние моменти кои ме потсетуваат на него, токму тогаш кога ми доаѓа да кажам „Посакувам да беше сега овде до мене“. Ми недостига кога сакам да се напијам, а потоа да се глупирам. Ми недостига кога сакам брза вожња. Ми недостига да ми глуми фраер, а сепак да не може да се одлепи ни за миг од мене. Ми недостига да ми донесе јакна од кола кога гледа дека ми студи, а јас се правам шмизла. Ми недостига да ме сака без шминка. Ми недостига да ми се јавува секое утро за да се разбудам со неговиот глас. Ми недостига кога сакам да лежам прегрната, а тишината да не ме убие. Ми недостига да ми ја пополни празнината која без него ме убива. Ми недостига за да ми биде сонце дури и кога надвор врне. Ми недостига за да бидеме јас и тој. Ми недостига за да бидеме ние.“

– Јаневска Марија, 2012
http://www.youtube.com/watch?v=ikYjIdZMD-c

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: