Напишете коментар

Цитати: „Биди ми предизвик“ – Марти

Image 

      Ајде биди свој. Биди нешто што до сега ми се нема случено. Остави ги сите игри и правила кои до сега си ги научил и заборави на сите клишеа. Покажи ми дека си посебен, упорен, а недостижен. Можеби прво треба да дадеш, за да добиеш нешто за возврат, но јас повеќе немам зошто да ја раздавам мојата убавина без причина.. немој да ме сфатиш погрешно, ова не е егоистично кажано, размислувај малку пошироко, јас не пишувам само за надворешната, естетска убавина, јас пишувам за убавината од секаков облик.

    Иако сакам да ти покажам што знам, сакам да ти влезам под кожа, тоа сега нема да го направам. Сега те оставам, те гледам, те следам, од сите страни ќе те набљудувам, така тивко, нечујно. Сакам да направиш да сакам да ти дадам нешто мое, макар и спомен да е. Сакам! Ќе уживам додека гледам како се докажуваш, и додека по твоите раце ќе тече топло чоколадо јас само ќе седам спроти тебе и испитувачки ќе те гледам во очи со надеж дека ќе ти ја допрам душата.

     Сакам да ми го покажеш врвот по кој можеш да посегнеш, за да потоа јас ти покажам како вистински таму се ужива. Знаеш, јас не сум навикната на малку,чувството на задоволство кое можеш да го доживееш со  мене, не можеш да го добиеш на некое место каде лебдат лесни облачиња. Не, тие не се мојот врв, јас нив одамна ги имам достигнато и престигнато. Затоа покажи ми дека можам да ти дозволам да ме следиш без да се покаам. Биди ми достоен. Ти биди ми предизвик. 

 

– Марти, 2012

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: