Напишете коментар

Есенски ден

Image

Свиулини од румена жаривост се прегрнуваат со сивата нискозастапена магла и нежните светло сини облаци над планинскиот подсвиок. Зраците во раните прерани мугри уште не се појавени, ги нема. Сокриени се некаде зад кафениот или снежно белиот свиок на планинските контури. Воздухот се пробива сред црвениот хоризонт на раното изгрејсонце кое полека полека почнува да ги подава огнените рачиња и да го осветлува секое делче од површината на Земјата.

Овој есенски ден беше сосема почнат кога ветерот Северко од лутина према Сончко, кој му ја јадеше територијата на ладната површина и му ја грееше со прекрасна нежна топлона која ги успиваше учениците на првите часови, го откина стрвно последниот лист од Стариот орев во училишниот двор. Едно 9 годишно девојче жално погледна кон полузатемнетата северна страна на небото кое ги движеше облаците полека полека кон Сончко и како да се бореше со него, спремајќи го времето за подготвените фази на попладневна бура. 

Така полека облаците патуваа кон сонцето и послепладневните часови, некаде во моментите кога фамилијарно луѓето се собираат дома за ручек, една грмотевица јако удри во громобранот на училиштето. Наеднаш со јак шум кој не запираше, почнаа дождовни неизвалкани капки да ја навлажнуваат земјата, да формираат вирчиња на секое чекорче кое малото ноџе на 9 годишното девојче би можело да го направи. Така, тука некаде, сивото небо почна да се затемнува, а мократа земја како да немаше жива душа во себе. Само шумолеше стариот орев од Северко, кој како и секогаш луто дуваше и непрекинато се фалеше. Сончко веќе уморен од борбата со Северко и неговите верни облачни пријатели, се изгуби и отиде да спие. Полека зајде без траг од него. Ниту еден последен зрак, ниту една мала светлинска прашинка која Ветерко би ја однел.

Така настапи и ноќта, а тука веќе Северко уморен се изгуби и потона во бездушен молк. Небото се разведри. Кога било волку ведро? Речиси никогаш во вака есенски ден. Тука по малку се појавија застрашените ѕвездички кои срамежливо блеснуваа малку одвреме навреме на небото.  Силниот и сув студ ги мрзнеше гранките на стариот орев негде после полноќ. А подоцна сите растенија заспиваа од претераната сурова студеност на овој есенски период. И настануваше молк…

Ниедна куќна сијаличка не беше запалена. Ниедно животинче не беше надвор. Немаше жива душа. Беше пуста есенска ноќ, токму онолку сурова како студената студост која полека се наголемуваше и ни ја носеше страшната баба Зима.

 

 

– Јаневска Марија, 2006

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: