2 Коментари

Цитати: „Карма, судбина, јас и ти„ – Јаневска Марија

Image

И не знам како така и тој ден. Возев накај центар. А во мисливе, абе каша попара. Нешто работава не идеше, имав цел ден работа, а башка и бев преморен. А сонцено кај ненаспиен, па уште и ми блеснало, а сум ги заборавил цвикерине дома. Не знам уште што требаше да се случи после она вчера кога ја видов од нигде никаде два пати. И ко по обичај она не ме ни примети. Колку и да се кријам од неа, абе ко за инат. Ко за инат ќе ја сретнам! И ко за инат она ќе ме одмине ко да сум плочка бетон! Шмизла! Од увек била со носот напред!

Пффф, стојам на семафорон, сонцено блешти. Ни наочариве не помагаат. Косата сум ја собрала некако у пунџа колку да не ме иритира. Преморена бев некако. Факултетов не можеше повеќе притисок да ми прави. Кафе не ми помагаше. А времево залади, само за спиење. Временски бев преблокирана. Ми требаше одмор. Како може така секогаш кога ќе почнам да го заборавам, од некоја страна да ми излета. Аман! Или нека ми се гони од животов или нека ми се врати! Ова више на ништо не личи. Се правев дека не го гледам, ама срцево триста на саат. Рацете ми се тресеа, ми се препотија. Се осеќав ко прваче. А облекол едни тренерчиња гушкави црни, дуксерот раскопчан, бела маичка, косата малку разбушавена. Абе леле… Да го сретнев сега пак. И секогаш да ме гледа. Да пати пола од тоа јас што патев кога ќе ме гледа. Пола! Сум се разборела сама у себе ко по обичај, а светлово зелено! Уште тоа ми фалеше!!

Добро ова не е хумано. Она сигурно е она!  Чекај. Регистрацијата… Она е! Она е! Аман бе! И нема да ме види сигурно. Плус  у кола! Она вака не гледа, не па у кола! Еј, стаила наочарите, холивуд глуми демек! Зашто не ме ни чудеше! А што се лажам сам… ни јас не знам. Демек ќе ја заборавам. А душава очајно ми сака да ја видам бар малку да покаже дека пати по мене! Дека не сме заедно! Нели ме сакаше? Нели не можеше без мене? Сега ја нема нигде од тогаш! Дури ко да свртела нов лист! Се стегнала, се средила, ко да има некој нов поред неа, а? Што викаш? Абе не… ја мислам дека не… Што глупости тропам! Нели јас така сакав? Нели јас така бирав? Епа прошо воз! Сам себе го убијал!  Сега ќути си и терај! Не си мал! А башка и имам работа, не можам да се замарам со детски работи!

Леле, леле! Ене го! Ене го! Ако не се лупнам негде со колава! Уф! Рацеве ми се тресат! Држи волан! Држи! Глеј на друга страна, демек кола да не иде од другата улица! Уф! Помина ли? Леле, ме гледа… се загледал… Ете го помина! Леле! Аман веќе! Уште ли шокови ќе доживеам! Кај баш него наоѓам да го сретнам! Ама добро е! Ме виде убаво. Дотерана сум денес! Супер! Леле да идам на Диди да и кажам! Јес! Јес!

Дај да завршам работа што имам и да им се јавам на овие да идеме порано на кафе накај шест ако сакаат. Не можам да идам дома. И онака сеа ко шо сум нервозен, бетер ќе биде. Вака бар ќе се излуфтирам со луѓе. Да му се јавам на овој, нека се соберат и ќе идеме накај Чао.

Чекај да и се јавам на Ина, да и кажам да идеме порано на кафе, и онака не можам сега да учам. Да идеме негде у центар. Можда и у Чао. Не сум била сто години. Таман после директно ќе му кажам и на Давид да помине да се видиме.

Возам накај Чао. Цел ден ко низ магла ми прелета. Кај ја запознав, кај се запустив. Дај бар сеа ќе се излуфтирам, ќе слушам туѓи муабети, можда и ќе најдам некоја за вечер, да се испразнам, ќе му се јавам на Марко нека ги викне тие неговите од работа, мачно ми е кога ја мислам. Ова мора да престане!

И се јавив на Ина, таман била со нејзиниов на ручек ли, на шо знам што. Па ќе заврши до шест и пол, па од седум ќе ја чекам у центар. Му се јавив и на Давид, ќе помине околу 8 најкасно, па да завршам порано и да идам дома, можда и ќе ги средам мисливе да поучам, испитов иде кај и да е.

Седам така, т.е. стојам пред конопојов, пушам цигара за цигара. Се смеам чат пат на некој виц. Кокониве пред мене, некако не знам – дали до неа е или до мене. Макијатово одамна се олади, а главава ми врие цел ден. Џабе ја блокнав и на фејсбук и све е џабе. Пак ко мува без глава ми се појавува ко од небо падната. А бар да ми беше одмилена, бар да беше пропадната. Таа се разубавела бре. Ми иде да ја грабнам и да бегам. Не знам само како ќе биде, ама прашање на време пред да ја видам со друг. Сигурно нема цел живот на мене да се надева. Секоја љубов има граница. А и мала е. Можда и нашево ќе и стане пролазно. Од кај па да знам.

Еве ја и Ина. Хах, срцка. Се дотерала, а бре, на убаво девојче се` му стои убаво. А и црвено карминче кога е со исав стаено, делува убаво. И викам дај да седнеме да ти кажам за овој, сто пати го среќавам од вчера, абе сто пати. Едвај дочекав да ја видам, да и изнакажам.

А и времево… значи есен колку мрзам. Све сите околу депресии ги пука, све ми е тапа, едно кафе не ми е ко што треба. Она бар ми разбиваше монотонија, коа ќе ја видев мораше да ме насмее. Не проаѓаше без тоа. Колку ме нервираше толку и ја сакав. А и ја па, у шмизла најдов да се заљубам. А ми личи ли? Ко мува без глава. Земав со сила кафево да го испијам ко од инат што цел ден налетувам на неа. И се вртам пред мене, влагаат две типки.

Влагаме со Инка, двете уштиклени, дотерани. Ах, колку сакам кога ќе си излезам со неа вака, двете згоднички, па ќе си седнеме да си изнамуабетиме женски муабети. Ме потсетува на времето кога бев средно. Застанавме тука у пролазот, се вртам наваму натаму да видам кај има слободно место, и лево као две местенца слободни, па ај на едното седнавме.

Зар е могуче?! Е ова не, не, не знам веќе!! Ма преку такво од неа више! Преку такво!! И Чао ли ќе го узурпира сега? А овие па манијациве што се заглеале, девојче ли не виделе? Значи, не ми се верува! Едно кафе чоек да не може на раат да испие! Сегде ли ќе ја глеам? Боже сачувај! Нека ми се мавне више од животот, да продужам понатаму!!! Келнер дај сметка!!!

Залади времево, а овие уште не ги наместиле греалкиве. Дај еден чај, и` викам на келнеркава! И додека да донесе, сум и` се свртела на Ина, и` викам: „ Леле да не ти се верува овој три пати од вчера го видов! А можно е и тука негде да е, знаеш он колку го сака Чао! На крај у краева, тука бевме кога излеговме прв пат. Е на ова овде, сепарево позади нас! Ама бре, не знам зашто, некое претчувство ко да е тука! “ И се вртам нагло, со поглед!

Дај бе, му викам на Иван, што напраи келнеров! Ко да ја праи хартијава! Сметка се стори! Не ли може да го мрдне гзот?

Он е! Он е! Леле! И се вртам на Ина и целата успаничена и викам, да не паничи, а уствари јас паничам.  Го кревам чајот да се напијам, рацеве ми се тресат. Леле! Среќа не ме виде дека го видов! Па и со некои женски е! А! И со другарите! Леле! Зар е можно! Четири пати во еден ден! Четири!!! Стана! Гледа во телефонот и излага од Чао! И женскиве позади него! Што се случува?

Излетав од Чао. Им реков на овие нека чекаат сметка, јас се брзам! До денов е, изгледа! Подбро дома да идам, пред да се лупнам у неа, на друго место, лице во лице!  Нејќам да ја гледам веќе! Ама нејќам!!!

Другариве му останаа да ја платат сметката. Не знам што се дешава. Како и да е! И двајцата се напраивме ко да не сме се виделе! Е не идам веќе у Чао. Ова е последен пут! Кој дебил!

Фати дванаесет. Не можам да спијам. Око не можам да склопам! Почнав ко вампир да ја доживувам. Се` мислам ќе ми излезе од негде! Запалив колата и отидов цигари да си купам. Влагам на бензинскава, плаќам и излагам. Ај! Уште ова ми фалеше! Па пази кај гледаш бре! Коконо!

Излагам од кола и идам накај бензинскава да земам едно чоколадо, место не ме држеше дома. Од десет пробувам да заспијам, ама коа ми се врти цела вечер у главава, џабе ти е! Дај барем да јадам нешто! Сум се залетала кон вратата, вратава се отвара, излага еден дечко и јас – трас! Браво! Браво, значи! По смотана можеш ли да бидеш!

Се исправив и се поднаведнав да и подадам рака на девојката махинално „Шмизло?“ – останав без зборови…

Почнав да се тресам по колениците, да се исчистам, јок се направив. Овој џентлменов гледам ми подава рака, кревам поглед да го видам шо тип е и што да видам. Слушам само „Шмизло?“ – и го гледам него…

Ова беше крај. Како да не и кажам дека ја сакам? Уште ли ќе глумам фраер, кога знам колку ме сака? Да и речам да идеме негде, на страна, па да и кажам, а? А ако има некој друг? Не не, не и кажувам ништо, подобро…

Рацете почнаа да ми се тресат. Го држам за рака, и нагло го пуштам. Ги склопив дланките позади мене. Го гледам пред мене. Не ми се верува. Срцево ми вришти да го гушнам. Не знам дали пак да пробам… Минатиот пат ме одби. Подобро не. Подобро не. Ќе си заминам…

„Што правиш? Што вака касно?“

„Ништо, по чоколадо. Спремам испит. Ти?“

„Цигари.“ – и` покажав.

„Мило ми беше што те видов…“ – скоро како да прошепотив.

„И мене исто, шмизло“

И заминав. И не знаев што после тоа. Се молев само судбината да не ми ги плетка работите толку. Или земи го и однеси го или врати го на место! Мразев игри на две столчиња! Срцево ми беше празно, ама негово. Празнината беше негова, заедно со цело срце. И чудно, знаеш како е. Велат, „љубави, да имаш неког ја знао бих, још увјек могу да осетим, јер си моја, љубави“. Е така и јас. Ама овој пат не ми беше грижа. Тргнав напред. Целта ми беше да стане минато. Доволно беше ова малтретирање. Зар вреди? Неговото минато е негова иднина. А јас имам само иднина… Не сакам да бидам заглавена на влезот на неговото срце и цел живот да останам таму. Солзите беа пеколни, срцето изгорено, душава удавена… Време беше за нова страна.

И ете, ко за беља, не само што ја гледам, туку и она ме виде. Аман! И не и кажав ништо! Ете! Си напраив што си напраив! Сеа ете сум! Продужи даље! Удри бригу на весеље! Подобро да не размислувам на тоа! Дај да идам дома и да испушам некоја цигара! Ова ќе ме убие. И ја сакам де! Не ми требаше ова за да си признаам. Знаев и без тоа, ама никогаш нема да и покажам! Ама ја и она не функционираме заедно, џабе ме сака! А ќе помине! На се` се навикнува човек. И на болка, и на тага, и на нечие иритирачко присуство, па дури и на нејзиното отсуство…

– Јаневска Марија, 2012

2 comments on “Цитати: „Карма, судбина, јас и ти„ – Јаневска Марија

  1. навистина прекрасно!

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: