Напишете коментар

Цитати: „И се случи“ – Јаневска Марија

ImageНа некој начин како да чувствуваше дека тоа е тоа. Па, се прашуваше, „што ако вистинската љубов баш нам не ни е судена? Што ако ни било судено да се сретнеме, да сфатиме што си значиме еден на друг, но не и да останеме засекогаш заедно?“

Се сеќаваше на тоа утро, како низ магла, но доволно јасно за да сфати дека времето тогаш застана. Не, таа не беше заслепена од неговата убавина. Кога тој ден Диди ја праша што се случило, таа никогаш не го класифицира како еден згоден тип. Едноставно воздивна и рече, „Чудно беше, но има нешто. Морам да го запознаам.“ Навидум беше невозможно, но баш тоа невозможното од нигде никаде се оствари. Од никаде како некоја сила цел живот да ги криела еден од друг и после толку години ги запозна. Таму некаде, каде се чекаше зеленото светло на судбината, низ темните стакла на очилата некоја хемија проструи помеѓу отворените џамови на семафорот.

И се случи.

Тој и таа се запознаа.

 

– Јаневска Марија, 2012

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: