Напишете коментар

Цитати: „И животот е убав“ – Јаневска Марија

Image

Поминував со прстите по кожата и наѕирав како сонцето се провлекуваше низ нив и правеше сенковни отисоци. И се наежив. На помислата на тоа колку научив да живеам после него, а не само да преживувам, срцето ми застануваше. Го слушав тропотот тивко во вратните жили се до слепоочниците и како морници назад по целото тело. А грутката само се наголемуваше некаде во грлото. Се радував на сонцето кое ми ги насолзуваше очите. И немав пари. Не ми беше ни битно. Ги броев металните десетденарки, петденарки  кои ги вадев од по џебовите по пат накај дома. Ги броев и денарчињата и се радував кога ќе соберев доволно за едно чоколатце од трфика кое да беше тој до мене ќе го поделевме. Порано најчесто кафето го пиев во трчање, во кола, пешки накај факултет – кофи ту гоу беше решението. Со него го вдишував мирисот чекајќи го да се подолади. Врелиот мирис низ ноздрите ми ја грееше душата, ме правеше спокојна и ме тераше будно да уживам во денот. И едно макијато во Мартини во 11 часот навечер каде премрзната ме обвиткуваше со неговата јакна ме тераше да го застанам светот за момент. Ми покажа дека животот е прекрасен. Секое утро – наспана или ненаспана, сонцето секое утро изгрева за да ми ја види насмевката. Или солзите. Се` едно, јас си ги сакам и солзите. Понекогаш сакам и да си плачам. Тоа е природно. Зар пластичната окончаност е уживање во моментите кои ни ги носи животот? А никнејмот позитива, едноставно ме потсетува дека живеам како што треба… Сега и без него. Но животот продолжува, зар не? Сонцето и утре изутрина ќе ми ги насолзи очите, ќе ме потсети на него, за еден ден конечно, да изгрее за да ми ја види насмевката, заљубена во една нова љубовна приказна. Токму онаква каква што тој ми рече дека заслужувам…

 

– Јаневска Марија, 2012

http://www.youtube.com/watch?v=MX-Nj539cY0

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: