4 Коментари

Цитати: „А сега заборави“ – Јаневска Марија

Image

И така едноставно. Едноставно како дишењето. Заборави го. Заборави го начинот на кој се смее, начинот на кој кога се смее, крајчињата од јаглените очи се збрчкуваат од среќа кога е со тебе. Заборави го начинот на кој оди, начинот на кој се врти за да ти ја подаде раката додека се мачиш да одиш со штиклите по калдрмата, а тој со насмевка те прегрнува и те крева во раце. Заборави како пие топло макијато со ладно млеко. Заборави како ги затвара очите рано наутро кога вози кола.

Заборави го неговиот допир по косата кога пробуваш да заспиеш. Сеќавај се само на лошите зборови. Сети се како врескаше дека не те сака. Само сети се. Осети ја повторно болката. Осети ја и заборави. Повторно. Круг, ужасен. Но, потсети се, за да заборавиш. Заборави како те бакнуваше и како те носеше до ѕвездите и назад, секој пат. Заборави го турското кафе, заборави го чоколадото и заборави го виното. Вели си дека ти удрило во глава зошто било скиселено од лаги.

Заборави како мириса додека загњурена во неговата преграта ја наслонуваш главата во неговиот врат. Заборави и како ти ги бришеше солзите кога цела вечер непрестано плачеше. Сети се кога рече дека никогаш не си му значела. Потсети се дека ја одбра неа, а потоа затвори ги очите. Заборави на сите прегратки и сите ѕвезди кои ги видовте како паѓаат заедно. Една од нив беше и вашата приказна. Повеќе ја нема.

А сега отвори ги очите и заборави. Насмевни се и сети се. Ветерот ќе ја однесе болката. А кругот ќе престане да се врти. Затоа што сети се дека рече дека никогаш нема да замине. А замина…

 

– Јаневска Марија, 2012

http://www.youtube.com/watch?v=VFAZ6TvK-3c

4 comments on “Цитати: „А сега заборави“ – Јаневска Марија

  1. заборави ,но не се заборава:\

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: