Напишете коментар

Цитати: „Милион лица“ – Јаневска Марија

ImageИ тој ден одекна.

Тој ден срцето ми разбра.

Тој ден умот ми се заглави,

како во вечна борба,

каде секогаш победува срцето.

Претенциозно, глупаво, извештачено и пластично,

се обидував да ставам крај,

за кој постојано повлекував линија на брегот на срцето,

но морето од емоции постојано надоаѓаше како плима и осека,

дури и тогаш кога беше мирно и ја бришеше.

Колку повеќе ја пишував, толку повеќе морето инаетливо ја бришеше.

„Тебе секој ден нешто ти менува!“ – еднаш ми рече.

Немарливо. Преќутев и се тешев.

Зборови осудувачки и зборови празни. 

Додека нему стравот го менуваше секојдневно во милион лица,

баш онака како што месечината секојдневно ја менува својата форма.

 

– Јаневска Марија, 2012

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: