8 Коментари

Девојка за љубов

ImageИ таа некако како да беше чудна, на чуден начин на кој тој толку многу сакаше да го разбере. Зар таков генијален ум кој поминал толку девојки не можеше да ја прочита и да ја разбере, оваа сосем обична девојка од маалото, па стануваше се` по загонетна за него?  НЕ, впрочем, таа беше неверојатно едноставна. Таа беше девојка за љубов. Да, љубов.

„Не, не, не. Види, сите девојки можеш да ги сакаш, сите можеш да ги љубиш. Но неа… она ги доживува работите на различен начин. Сите толку многу интензивно и посебно. Таа е девојче за лубоф. Нејзините реакциите те изненадуваат, те зачудува искреноста во нив, интензитетот.“

Со неа вистинскиот Дон Жуан би можел да ја достигне и екстазата, но и да навлезе и во најемотивното, најискреното и најнаивното ќоше во нејзиниот чист свет и да ужива во погледот на светот од таму, каде се` е поразлично. Таа живееше за тој поглед.

Беше девојка која навидум може да остане ладна како камен, но само за оној кој не знае каде и како да допре до неа. Тешко кој беше способен во нејзините очи. Сите и одмакнуваа за милиметар. Сите и беа површни – секс или лигавење. А таа бараше две во едно. Казанова и принцот на белиот коњ. Го бараше совршениот, оној кој ќе знае да и го покаже интензитетот, понекогаш и временски квалитетот, но и оној кој ќе знае да ја прегрне, да запали некоја свеќа, да и донесе чаша црвен мерлот, да и свари едно топло кафе наутро, да ја разбуди или да не ја разбуди, да ја држи за рака како средношколец тогаш кога знае дека и е потребно, да ја бакне за чело оној пат кога знае дека солзите штотуку не и се растекле по лицето и да ја сака онаква каква што е кога станува од спиење – бушава, топла, поспана и боса, понекогаш екстремно зборлеста и расположена за карање, а понекогаш ќутлива и желна за љубов без зборови. Само љубов, воздишки, сонце и едно јако црно горко кафе без шеќер.

Тој беше до некаде упорен, а таа. Таа не веруваше дека е способен да биде принцот. Не веруваше дека е способен за љубов. Можеби беше Казанова, моментално интересен, вртоглаво секси и предизвикувачки злобен, но стоеше на базата, на една линија која тешко кој ја поминал. И заглавен беше тука. А таа се надеваше дека нема да биде уште еден од многуте, уште еден кој останал површен во нејзините очи, уште еден кој „одмакнал за милиметар“, уште еден кој го промашил незиното срце и неспособно го ранил само нејзиното рамо.

– Јаневска Марија, 2012

8 comments on “Девојка за љубов

  1. Многу… интересно напишано.

  2. баш си го доловила….

  3. Ubavo napishano no ima edna pechatna greshka shto bode ochi – LjuboF … toa ”f”-to dobro bi bilo da se koregjira🙂

  4. ima mnogu literaturni greski..bi trebalo da se prevedat na mak.lit.jazik :))

    • Нема потреба Ани, јас пишувам колоквијален јазик. Онака како што тоа излага од мене така ви е презентирано на вас. Не сум писател што пишува сериозна литература🙂 Ова се сленгови и зборови кои јас секојдневно си ги користам.🙂

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: