Напишете коментар

Колумна: „Срцевата интактност е круцијално изолирање“

ImageИ кога се` се руши, и кога се` се распаѓа, контранападот е најголемиот штит кој може да го поставите пред себе. Кога сте најслаби имате најголеми шанси за успех, затоа што тогаш сте најборбени, но самодовербата ве уништува, па никогаш и не се обидувате. Вчера јас бев тотално уништена, денес веќе сум интактна, денес сум борбена зад огромен штит, кој не дозволува никаков надворешен контакт. Можеби месечината не ми значи ништо повеќе, можеби допирот за мене не постои, а воздишките се некој сосема нечуен шум за слушниот праг, но вака или онака интактноста ќе ме излечи. И јас ќе живеам повторно. Засекогаш…

Љубев, љубам и не знам дали ќе љубам, не сакам да размислувам на долги емотивни патеки. Веројатно минатото ме научило да не и верувам толку на иднината. Сега знам колку е важна свесноста за себе. Сега секоја вечер си велам, љубовта е мач со две острици, па внимавај што правиш. Сте биле ли заљубени? Ве болело ли некаде длабоко? Онаа силна болка која наликува на ангина пекторис? Тешко дишење? Тапа болка, не толку силна, но сепак никогаш не поминува? Сте биле ли уништени до тој степен да ве печеле очите и градите, а солзи никако да не истечат? Верувајте, ако не, никогаш не сте биле. И бидете среќни ако сте го поминале тоа. Срцевата интактност е круцијално изолирање. Скршено срце не е табу тема, а оние најсилните однадвор се оние кои секогаш се отвараат само на еден човек и експлодираат како лавина од секакви емоции. Најчесто тој човек е погрешниот. Велат срцето ни е дадено да го подариме, јас џабе го подарував, затоа што сум го подарила на личност која не го заслужува. Сега повторно си го вратив назад и повторно го подарив, бидејќи срцето ни е дадено за да го подариме. Овој пат го подарив сама на себе. И знаев дека некои работи никогаш не се забораваат. Велат, го љубам најповеќе, но себе си се љубам и повеќе од тоа… 

 

– Јаневска Марија, 2012

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: