1 Коментар

Цитати: „Есен во мене“ – Јаневска Марија

Image

„Премногу ми беше потребна оваа прошетка. Воздухот кој ми поминуваше грубо вдишан низ ноздрите ми ги смрзнуваше синусите, па се покајав што не земав јакна. Иако беше април, Лондон како и секогаш беше многу по ладен од Скопје. Дрвјата низ уличката почнале да расцветуваат, но само срамежливо. Како да беа уплашени од дождливото време. Ветерот задува и одвеа неколку паднати ливчиња пред мене, како да сакаше да ми го оконча веќе познатиот пат. Чудно – ветерот е реткост за овој град, за разлика од својствените дождови. Гледајќи во налутеното небо го забрзав чекорот, но залудно. Не можев да направам ништо друго. Стагнирав длабоко во мене. Онака. Немо. Безизразно. Беше пролет, но владееше само есен во мене. Знаете, кога е тешко, срцето плаче. Кога е најтешко, солзите молчат.

 

– Јаневска Марија, 2012

(извадок од книгата Белешките на Лајла Грејс)

http://www.youtube.com/watch?v=JjMMUiag8Y8

One comment on “Цитати: „Есен во мене“ – Јаневска Марија

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: